До крајот на овој месец ќе се знае новата цена на електричната енергија што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јули, а истата ќе важи до месец јули 2018 година.

Во Регулаторна комисија за енергетика во моментов се прават пресметките и се уште официјално не е обелоденето колку ќе чини киловат-час електрична енергија за домаќинствата.

Неофицијално се говори за намалување на цената за 0,25 отсто.

Минатата година струјата поевтини за 0,25 отсто, додека претходно за 0,33 отсто.