На 12 декември се освети црквата св. Димтрија Солунски во јужна Флорида, на West Palm beach САД.

Македонските иселеници Ѓорѓија Џорџ Атанасоски и Јосиф Атанасоски, беа дел од донаторите кои помогнаа во градењето на црквата со донација од над 200 илјади американски долари.

По 26 години чекање, Македонците од овој дел на САД добија Црква.

Со светиот чин на осветување чиноначалствуваше митрополитот Методиј со неколкумина свештиници.

На настанаот присуствуваа над 200 иселеници од Македонија, како и други жители од регионот.