По повод осумгодишнината од основањето македонското друштво „Илинден“-Тирана додели благодарници на поединци и институции за нивни заслуги за зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија.

Благодарници добија Македонска правиславна црква – Охридска аерхиепископија, Македонското меѓународно движење за човекови права-Торонто, Канада, Беќир Ала, активист во село Требиште, областа Голо Брдо и поранешен советник во Општина Требиште од МАЕИ, Мартин Бибовски автор на логото по повод јубилејот од формирање на друштвото, како и Иќмет Ислами, активист од село Мало Острени, Голо Брдо.

– Сите дадоа непроценив придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето  на автентичната македонска традиција. Со тоа, помагаат за подобрување на секојдневието на македонското национално малциство во Република Албанија и афирмација на македонско друштво „Илинден“, вели претседателот на МД „Илинден“ Никола Ѓурѓај.

„Илинден“, потенцира Ѓурѓај, постојано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и национални традиции на Македонците во Албанија.

Mакедонско друштво „Илинден“ е формирано на шести февруари 2009 година во Тирана.