Граничниот премин Евзони, на македонско-грчката граница, е се уште затворен за сообраќај поради штрајк на грчките земјоделци. Отворени за сообраќај се премините Дојран и Меџитлија.

Од АМСМ информираат дека на граничниот премин Дојран поради зголемена фреквенција има задржувања од најмалку еден час. На останатите граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови по наместа  влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Магла со видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Тетово, Скопје и Катланово.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.