Најголемо покачување на водосотојот има на реките Радика, Треска, Сатеска. На реката Радика покаувањето е 42 см, на Треска кај Македонски Брод 35 см, а на Сатеска водостојот е повисок за 29 см од вчерашниот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

И на останатите реки се бележат благи до умерени покачувања.

Како последица на топењето на снегот се очекува покачувањето на водостојот на сите водотеци во земјата да продолжи. Поради позитивните температури на воздухот проследени со врнежи од дожд и топење на снег УХМР предупредува на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците, особено во западниот дел од државата.