Се уште трае состанокот на проширениот состав на Централното претседателство на ДУИ на кое Алио Ахмети, лидерот на партијата се обидува да им ја презентира програмата за коалиција со ВМРО ДПМНЕ.

Утре истекува рокот за формирање Влада од страна на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Ако не успеат да се договорат во најголемата албанска политичка партија и немаат став за коалиција со ВМРО ДПМНЕ, останува вутре на полноќ Груевски да го врати мандатот кај претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.

Во меѓувреме имја многу шпекулации од тоа дека во договорот стои дека ДУИ ќе коалицира соп ВМРО ДПМНЕ, но Никола Груевски да не биде премиер, а шпекулациите одат и до таму што се информира дека има големо незадоволство од коалицијата на Груевски и Ахмети, па можно е преполовување на пратеничката група на ДУИ.