Почитувани,

 

Во врска со присуството на инаугурацијата на Доналд Трамп во нов, 45-ти Претседател на Соединетите Американски Држави, престојот во Вашингтон и серијата средби кои беа остварени во изминативе неколку дена, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

 

Поканата и присуството на инаугурацијата на новиот Претседател на САД, Доналд Трамп, освен што претставува своевидно признание за придонесот кој Ѓорѓија Џорџ Атанасоски го имаше во претседателската кампања во САД, истовремено е и сигнал дека со мудри потези и искрен пристап Македонија може во наредниот период да создаде добра шанса за остварување на своите стратешки приоритети.

 

Добрите и трајни врски со Републиканската партија, очекувањата за намалено влијание на Грчката Дијаспора врз администрацијата на Трамп е основа која треба да обезбеди наша победа која ќе се базира исклучиво врз принципите на меѓународното право, што ќе ги отвори вратите за влез на Татковината во НАТО на достоинствен начин.

 

Македонската Алијанса на чело со Ѓорѓија Џорџ Атанасоски ја продолжува демократската битка за зачувување на Уставното име и Македонскиот национален идентитет, под мотото, Претседателите се менуваат, но пријателите се вечни! Соединетите Американски Држави остануваат најважниот стратешки сојузник за Македонија и Македонскиот народ!

 

Сметаме дека посетата на Вашингтон беше исклучително успешна. Македонската Алијанса изразува благодарност до Републиканскиот Конгресмени од Флорида и Западна Вирџинија, Рон ДеСантис и Александар Ксавиер Муни за серијата средби кои беа реализирани во Американскиот Конгрес.

 

Изразуваме благодарност и до Македонскиот Амбасадор во Вашингтон, Васко Наумовски и до Претседателот на Обединетата Македонска Дијаспора, Мето Колоски, со кои Ѓорѓија Џорџ Атанасоски продолжува интензивно да комуницира во насока на создавање на перспективи за обезбедување на сигурна иднина и просперитет за Македонија.

 

 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски како претставник на Македонската Дијаспора, со несмален интензитет ќе ја користи својата професионална позиција во САД за лобирање за националните интереси на Татковината.

 

 

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,

                                                                                    Ѓорѓија Џорџ Атанасоски