Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски остварил неформална средба со дел од најблиските соработници на Американскиот претседател Доналт Трамп, дознава Телевизија Сонце од извори во САД.

Како што сме информирани, веднаш по завршување на промоцијата на Трамп за прв човек на најмојќната држава во Светот, Атанасоски имал средба со блиски соработници на 45-от американски претседател со кои разговарале за случувањата во САД, но ги запознал и со актуелната политичка состојба во Македонија.

Како што ни беше пренесено, соработниците на Трамп со кои разговарал Атанасоски, ветиле средба помеѓу Американскиот претседател и претседателот на Македонска Алијанса во блиска иднина, на која Трамп изворно ќе биде информиран за состојбата во Македонија.

Стапивме во контакт со Атанасоски кој ниту ја потврди ниту ја демантираше оваа информација, туку истакна дека тој секогаш на средбите со конгресмените и влијателните луѓе во Републиканската партија разговара за иднината на Македонија и просперитетот на татковината.

Атанасоски е доглогодишен влијателен член во Републиканската партија на САД, за што сведочат и средбите со конгресмените, за што информиравме изминативе денови.

Атанасоски беше директно поканет да присуствува на церемонијата на влегувањето на Трамп во Белата Куќа.