Дирекцијата за заштита и спасување информира дека на барање на општините Старо Нагоричане, Студеничани, Врапчиште и Арачиново денеска има  ангажирано дополнително 11 градежни машини за расчистување на снегот.

До Дирекцијата пристигнале и барања од општините Македонски Брод и Зелениково кои, како што се наведува, ќе бидат реализирани во текот на денот.

– Поради снежните наноси на поголем дел од територијата на Република Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување е подготвена дополнително да се ангажира во справувањето со снежните наноси, се вели во соопштението од Дирекцијата за заштита и спасување.