Градот Скопје информира дека ја откажува новогодишната прослава што требаше да се одржи на плоштадот Македонија. Средствата коишто беа планирани за организирање на пречекот и се во износ од околу 2 милиона денари ќе ги донира во социјални цели.

Одлуката каде ќе бидат донирани средствата, како што соопштуваат од Град Скопје, ќе ја донесе Советот. ­

Од Градот Скопје додаваат дека веќе 10 години наназад трошаат минимални средства за организирање на дочекот на Новата година.