Во текот на вчерашниот ден, во Џексонвил Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски оствари средба со 12 видни политичари меѓу кои, Конгресменот Рон Десантис и Сенаторот од Тексас, Тед Круз.

Исклучително влијателниот Американски Републикански Сенатор, Тед Круз, во 2012 беше за прв пат избран како 34-от Сенатор на Тексас, претходно познат како правник кој најдолго ја обавувал функцијата Јавен Обвинител на Тексас. И покрај жестоката кампања за освојување на Претседателската номинација на Републиканската партија, Тед Круз, како еден од најсериозните кандидати му ја даде својата поддршка на актуелниот Претседател Доналд Трамп. Конгресменот Рон Десантис е член на Комитетите за надворешна политика, за надзор и владини реформи на Американскиот Конгрес. Во моментов е Претседавач со Подкомитетот за Национална безбедност на САД во чија надлежност е надзорот врз Државните ресори за надворешни работи, одбрана и безбедност, како и контрола врз УСАИД.

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски имаше прилика да размени мислења за актуелните состојби во Америка и Светот вклучувајќи ја и кризата во северна Кореа. Со своите соговорници ја дискутираше и американската надворешна политика вклучувајќи го и Балканот.

На состанокот г-динот Атанасоски ја искористи приликата да ги запознае присутните со надворешните и внатрешните проблеми со кои се соочува Република Македонија.

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски ја адресираше поддршката која Македонија ја добива од САД, признавањето на Уставното име и значењето на специјалниот стратешко – безбедносен билатерален договор меѓу двете земји, што само по себе потврдува дека САД се најважниот сојузник на Македонскиот народ. Како претставник на Македонската Дијаспора, тој и понатаму ќе продолжи да го користи својот општествен статус во САД за лобирање за националните интереси на својата Татковина.