Автори Posts by Игор Мицкоски

Игор Мицкоски

57 POSTS 0 КОМЕНТАРИ

Писмена реакција за интервјуто на Никос Коsиас за Грчкиот неделник „Ријал Њуз“

Во врска со последното интервју на Грчкиот Министер за надворешни работи, Никос Коsиас, кој за Грчкиот неделник „Ријал Њуз“ изјавил дека Грција нема да потклекне на притисоци за прифаќање на решение на спорот за името кое нема да биде во согласност со нивните црвени линии, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција:

Македонската Алијанса со особено внимание ги следи сите изјави на официјална Атина кои се однесуваат на Македонија. Нашиот заклучок е дека Грчкиот шеф на дипломатијата ја продолжува „топло – ладно“ тактиката во билатералниот и од нивна страна наметнат спор за името. Еднаш во своите изјави наводно го поддржува унитарниот карактер на Македонија а истовремено ја нарекува Македонија – Држава дар од боговите во која според него кумот и го згрешил името. Друг пат, како ова свое последно интервју, Коsиас ќе потенцира дека Грција не се меша во внатрешните прашања, но нема да пропушти да повтори дека никакви меѓународни притисоци нема да ги сменат Грчките црвени позиции во спорот за името. Ваквиот пристап на Грчките власти е нивен обид да си изградат алиби пред очекуваниот притисок од нашите меѓународни пријатели за нивната неправедна политика кон Македонија која е  несвојствена за една земја членка на ЕУ и НАТО.

Ние не бараме лажна конструктивност од официјална Атина, ниту ги прифаќаме „данајските дарови“ на Никос Коsиас. Нам не ни требаат преговори и усвојување на мерки за градење доверба кога Грчката Влада упорно ја спроведува својата стратегија со уцени и притисок да го бараат од Македонија невозможното.

Македонија и Македонскиот народ бараат да им се допушти остварувањето на универзалното демократско право на самоопределување кое и следува на секоја земја членка на ООН. Македонија и Македонскиот народ бараат нашите меѓународни пријатели и сојузници да го обезбедат спроведувањето на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со што нашата Татковина ќе стане полноправен член на НАТО Алијансата.

Македонската Алијанса смета дека во овој чувствителен период за нашата заедничка Татковина, најодговорните политички партии мора да се обврзат дека во своето понатамошно делување заеднички ќе работат на остварување на принципи кои ќе обезбедат сигурна иднина за нашата земја.

Разговори и преговори за прифаќање на предлози на промена на Уставното име нема и не може да има, бидејќи секој кој евентуално би се нафатил на такво велепредавство ќе мора да си ја прифати и казната од народот.

Разговорите за таканаречените мерки за градење доверба Македонија треба да ги замрзне, се додека официјална Атина не прифати дека постои Македонски народ кој меѓу другото живее и во Егејскиот дел. Не може Коsиас да се жали за правата на Грците во Албанија, а во исто време да се прави и слеп и глув за постоењето на Македонското малцинство во Грција. Никој нема право да го оспорува Македонскиот национален идентитет.

Најодговорните Македонски политички лидери треба да бидат целосно свесни за предизвиците со кои се соочува Татковината, и добро да размислат за секој нивен потег во периодот што следува. Секоја нивна евентуална одлука која ќе биде мотивирана од личен и тесно партиски интерес, а која ќе го загрози вековното име Македонија и Македонскиот национален идентитет, ќе предизвика жестока реакција од Македонскиот народ.

Писмена реакција за инцидентот со Албанските знамиња во Прилеп

Во врска со најновата провокација со Албанските знамиња, кои група ученици Албанци ги поставиле во центарот на Прилеп за да скандираат, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција:

Македонската Алијанса најостро ја осудува оваа нова провокација која за жал има за цел уште повеќе да ги усложни и онака напнатите меѓуетнички односи. Со оглед на фактот дека се работи за млади луѓе, ученици кои се актери во оваа провокација, за нас нема никаква дилема дека за ваквите испади одговорност имаат политичките партии. Кога Талат Џафери мисли дека нема ништо спорно и скандалозно во кабинетот на Претседателот на Македонското Собрание да постави Албанско знаме, тогаш е јасно дека дел од Албанските ученици ќе го следат неговиот пример и ќе сметаат дека поставувањето на Албанското знаме во центарот на Прилеп, градот кој има дадено најмногу Македонски бранители и жртви, е за нив прифатлив и херојски чин.

Ги повикуваме надлежните Државни образовни институции во најкус можен рок да ги преземат сите неопходни мерки да ги расчистат и откријат мотивите, како и да ги санкционираат евентуалните нарачатели на оваа многу опасна провокација.

Бараме од Албанските политички фактори во Македонија самите да се воздржат од провокации и јавно да оградат, да побараат да преовлада разумот, особено кај младите и тинејџерите кои како возрасна група се најранливи за подбуцнување. Сигурни сме дека тоа ќе влијае на смирување на страстите и отстранување на сите сомнежи дека се работи за смислена провокација со политичка заднина.

Во името на целата Македонска Дијаспора апелираме до граѓаните, особено моите Прилепчани, да не подлегнуваат на вакви провокации и со голема мудрост да покажат дека неодговорна политика не може да го загрози соживотот и меѓуетничката толеранција. После несаканите инциденти и насилството во Македонското Собрание, на нашата заедничка Татковина и е потребно нормализирање на состојбите. Македонија не смее и нема да стане жртва на старите големи националистички агенди на радикални политички структури од регионот.

Македонија била, е, и ќе остане Македонија, унитарна, суверена, силна и со стабилна иднина, во која Македонскиот народ ќе продолжи да ги почитува сите граѓани со сите свои различности, на принципиелни основи на кои почива светскиот демократски мултикултурализам.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ја втурнаа државата во политичка и правна криза

СДСМ и нејзиниот претседател Зоран Заев со нелегалниот обид за избор на претседател на Собранието го прекршиле  Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието и за тоа, мора да сносат одговороност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев и СДС покрај политичката криза ја втурнаа Република Македонија и во правна криза. Создадоа правни преседани со кои што во иднина се отвора можност за незаконско гласање на двојазичноста, двојазични банкноти и униформи, геноцид и сите останати елементи од тиранската платформа, без притоа да се почитува волјата на граѓаните, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Заев, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, четири дена молчат за албанските знамиња во кабинетот на нелегално избраниот од нивна страна претседател на Собранието, исто како што молчеа и стоеја кога се пееше химната на албанската држава во македонскиот законодавен дом.

– Заев очигледно ужива кога го навредува Македонецот. Во еден ист ден ги прогласи Македонците и за Бугари и за Срби. Ваквите антимакедонски ставови на Заев беа пофалени од Божидар Димитров, кој рече дека Заев бил во право и дека Македонците се Бугари, а Струмица од каде што потекнува Заев е бугарски град. Заев добива пофалби од сите негатори на Македонија, само не од граѓаните, кои упорно и се погласно бараат парламентарни избори, стои во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните се чувствуваат постизборно измамени и несакаат Македонија да се претвори во бинационална држава, со сите елементи од тиранската платформа. Граѓаните, порачува партијата, сакаат економски просперитет и технолошки прогрес, а не платформи и програми кои ја заглавуваат државата длабоко во минатото и не носат ништо за подобрување на нивниот живот

СДСМ: Иванов да постапи уставно, новата влада ќе биде на сите граѓани

Парламентарното мнозинство ќе ја реализира својата обврска пред граѓаните да ја формира новата влада којашто ќе ги реализира потребните реформи во граѓански и државен интерес велат од СДСМ. Од партијата бараат претседателот Ѓорге Иванов, да постапи уставно, а ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна опозиција. Новата влада, истакнува партијата, ќе биде на сите граѓани.

Посочува дека процесот за новата влада е почнат со изборот на новиот собраниски претседател и најавува оти пред граѓаните и пред претседателот Иванов ќе ја реафиримираат определбата на мнозинството за унитарна Македонија, кое што ќе работи согласно Уставот и на евроатлантска иднина на државата.

– Мора да се прекинат сите лаги во врска со некакви закани по националните и државните интереси, со коишто Никола Груевски за лични интереси ги вознемирува граѓаните. Иванов е должен да постапи согласно уставните обврски кон граѓаните и да се издигне над личните интереси на Груевски. Тоа треба да го направи и ВМРО-ДПМНЕ, којашто има исто така обврска пред граѓаните да биде конструктивна опозиција и да ги поддржи реформските процеси, за да може земјата да се придвижи напред, се вели во соопштението.

Според СДСМ,  парламентарното мнозинство е подготвено да работи во интерес и за доброто на сите граѓани. Но пред се, истакнува, без одложување мора да биде овозможено да ја формира новата влада. Тоа ќе се случи, соопшти СДСМ.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА СО СТАВ ЗА ПОСЕТАТАНА БРАЈАН ХОЈТ ЈИ

Македонската Алијанса смета дека од посетата на Брајан Хојт Ји може да се извлечат најмалку три суштински пораки, соопштува Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, во врска со дводневната посета на Македонија од страна на Заменик помошникот на Државниот Секретар на САД за Европа и Евроазија, Брајан Хојт Ји.

 

Прво, Република Македонија останува на радарот на нашиот најголем стратешки сојузник САД, кој нема никаква намера да го смени досегашниот генерален курс на политики и мерки кои се во согласност со Специјалниот стратешко безбедносен билатерален договор од 2008 година, кој меѓу другото ја гарантира и нашата внатрешна стабилност.

Второ, нема никаква дилема дека САД очекува брза разрешница на маратонската политичка криза, која неминовно мора да биде во духот на нашата стратешка определба да станеме членка на НАТО и ЕУ.

Трето, одговорноста за  причините, но во исто време и за излезот од политичката криза која трае веќе 3-та година лежи кај најодговорните политички партии, кои во 26-та година од нашата независност мора конечно да покажат капацитет за самостојно надминување на сопствените слабости во функција на обезбедување на стабилна иднина за нашата заедничка Татковина.

Ние остануваме на нашиот став дека решението на кризата е во напуштањето на тврдите позиции на најодговорните политички партии кои имаат обврска да се вратат чекор назад како потврда дека не се заслепени од личните и тесно партиските интереси за освојување на власта по секоја цена.

Почитувањето на Уставот на Република Македонија е услов без кој не може да се изнајде излез од кризата, конституирањето на законодавната власт мора да биде спроведена во легална постапка која никој нема да ја доведува во прашање.

 

 

 

 

 

 

 

Силно веруваме дека во овие чувствителни моменти Македонскиот народ знае да препознае кога некој се бори за принципи, чие прифаќање од најодговорните политички фактори и нивно доследно исполнување, ќе значи враќање на стабилноста и нормализирање на состојбите.

Во таа насока, Албанските политички партии треба веднаш да се повлечат од Тиранската платформа и да покажат дека имаат разбирање за негативните последици од провокативните и радикални барања кои шират иредентизам и непотребно ги разгоруваат меѓуетничките односи.

Наместо безумно да се обвинуваат меѓу себе за криминал, национални предавства и да продолжуваат да го делат народот, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да покажат дека услов за излез од кризата не е обезбедувањето на

механизми кои ќе го оневозможат Судот во чесна, транспарентна и праведна постапка да ги расчисти сите обвинувања за наводен криминал на функционери во извршната и локалната власт, без разлика на

партиската или етничка припадност, вклучително и амнестија за инволвираните во инцидентите во Собранието.

Парламентарни партии да утврдат временски рок за спроведување на суштинските реформи, вклучително и реализирање на попис, како директна потврда дека Македонија останува на стратешкиот колосек за

Евроатлански интеграции.

Сите политички партии да гарантираат дека нема да исполнуваат вештачки креирани политички проекти, кои се смислени со намера од внатре да го оспорат Македонски национален идентитет по Грчки терк.

Заедно да се обврземе дека без разлика на политичка, верска или етничка припадност, доследно ќе го браниме најсветото, Македонскиот национален идентитет и Уставно име, како наше универзално демократско право на самоопределување.

Прифаќањето на овие принципи ќе ги намали поделбите бидејќи воопшто нема да биде важно кој ќе биде власт или опозиција или кој каква функција ќе извршува. Конечно, политичките партии навистина ќе

работат за Македонија и сопствените граѓани без разлика на нивната етничка припадност!

Соопштение за јавност за инцидентите во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

После вчерашните инциденти и насилство во Собранието на Република Македонија, каде беа повредени и пратеници, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

Македонската Алијанса со длабоко жалење констатира дека се случи она на што со месеци предупредувавме а никој одговорен и разумен политичар не го посакуваше. Со вчерашните многу сериозни инциденти
политичката криза ескалираше во тотален хаос и целосно неприфатливо насилство, што уште повеќе ја загрозува иднината на нашата Татковина.

Нашиот став е многу јасен и прецизен. Одговорноста за овој немил развој на настаните е непопустливоста, тврдите и максималистичките барања на најодговорните политички фактори. Потписниците на
политичкиот договор од „Пржино“ заедно со останатите парламентарни партии останаа глуви на нашите апели да прифатат и разберат дека  ја имаат најголемата одговорност за причините, но во исто време и за
излезот од маратонската политичка криза. Нивното инаетење и водење на дневна политика мотивирана од лични и теснопартиски интереси за освојување на власта ја внесе Македонија во уште подлабока и
подраматична криза.

Албанските политички фактори во Македонија го јавнаа бранот на иредентизам кој ги разбуди старите духови и големо национални идеи кои повторно го зовриваат Балканот. Уцените и радикалните барања
содржани во Тиранската платформа поставени како услов без кој нема Влада се доживува од мнозинството Македонци како обид од внатре да се оспори и загрози Македонскиот национален идентитет по Грчки
терк, што е вовед во загрозување на унитарниот карактер на нашата заедничка Татковина.

Најодговорните Македонски политички партии заслепени од меѓусебната омраза, заглавени во своите дневни безумни обвинувања за криминал и национални предавства, без чувство од неопходноста да изгради
консензус за најважните национални прашања, внесоаа зла крв и го поделија народот.

Нашите меѓународните пријатели го изгубија трпението бидејќи и во 26-тата година од независноста се уште не покажуваме капацитет самите да ги надминеме сопствените слабости и да обезбедиме стабилна
иднина за нашата земја.

Ако навистина сакаме да станеме полноправна членка на ЕУ и НАТО, во пресрет на посетата на Брајан Хојт Ји, треба да покажеме дека знаеме да препознаеме што се очекува од нас и да докажеме дека
заслужено сме признаени од САД под Уставното име и дека има доволно оправдани причини зошто сме потпишале специјален стратешко безбедносен билатерален договор со најмоќната Држава во светот.

Во овие многу тешки моменти за Македонија народот целосно ќе застане зад принципи кои ќе значат излез од кризата, враќање на стратешкиот колосек и обезбедување сигурна иднина, а ќе бидат прифатени од
сите политички фактори.  Така ќе се намали негативната енергија бидејќи воопшто нема да биде важно кој ќе биде власт или опозиција или кој каква функција ќе извршува. Конечно, само така сите ќе работат
за Македонија и сопствените граѓани без разлика на нивната етничка припадност!

После вчерашните инциденти во кои за влакно беа избегнати и човечки жртви, каде се потврди целосна криза и немоќ на Државните институции, Македонската Алијанса повикува на разум и мирен излез од
кризата во следните чекори:

Прво, Албанските политички партии да се повлечат од Тиранската платформа и да покажат дека имаат разбирање за негативните последици од провокативните и радикални барања кои непотребно ги разгоруваат
меѓуетничките односи.

Второ, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ со писмени гаранции да докажат дека услов за излез од кризата не е обезбедувањето на механизми кои ќе го оневозможат Судот во чесна, транспарентна и праведна постапка да ги
расчисти сите обвинувања за наводен криминал на функционери во извршната и локалната власт, без разлика на партиската или етничка припадност.

Трето, сите парламентарни партии да утврдат временски рок за спроведување на суштинските реформи, вклучително и реализирање на попис, како директна потврда дека Македонија останува на стратешкиот
колосек за Евроатлански интеграции.

Конечно, на Македонија како никогаш претходно и е потребен сеопфатен општествен консензус дека сите заедно, без разлика на политичка, верска или етничка припадност, доследно ќе го браниме најсветото,
Македонскиот национален идентитет и Уставно име, како наше универзално демократско право на самоопределување.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Соопштение за јавност за политичката криза

Почитувани,

 

Во врска со иницијативите за политички дијалог, предлозите за лидерска средба како евентуален обид за изнаоѓање излез од политичката криза, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

 

Политичките партии, потписници на политичкиот договор од „Пржино“, заедно со останатите кои се застапени во Македонското Собрание мора конечно да разберат дека ја имаат најголемата одговорност за причините, но во исто време и за излезот од маратонската политичка криза.

 

Тесно партиските „пинг-понг“ дневни настани, планирани за да се префрла одговорноста и да се креира перцепција во јавноста дека еден или друг е повеќе или помалку крив, не помага никому. Додека партиите се инаетат, долгорочната иднина на Татковината се повеќе се доведува во прашање, на врата чука тотална блокада на сите Државни институции на централно и локално ниво, стопанството тоне во економска неизвесност и грч, а по обичај народот го извлекува најдебелиот крај.

 

Меѓународните пријатели го губат трпението бидејќи и во 26-тата година од независноста се уште не покажуваме капацитет самите да ги надминеме сопствените слабости и да ја обезбедиме стабилна иднина за нашата земја.

 

Бидејќи, законодавната власт се уште е заглавена во конститутивната фаза, извршната власт е со ограничени надлежности, локалната власт е речиси со истечен мандат,  решение за вакуумот кој ќе се создаде не е ни на повидок, Македонската Алијанса, во пресрет на посетата на Брајан Хојт Ји, уште еднаш ги повикува сите релевантни политички фактори да покажат Државотворен капацитет, да ги напуштат своите тврди ставови и надминувајќи ги личните и партиските интереси врзани исклучиво за освојување на власта, самите да ги преземат неопходните чекори за излез од кризата.

 

Ако навистина сакаме да станеме полноправна членка на ЕУ и НАТО, треба да покажеме дека знаеме да препознаеме што се очекува од нас и да докажеме дека заслужено сме признаени од САД под Уставното име и дека има доволно оправдани причини зошто сме потпишале специјален стратешко безбедносен билатерален договор со најмоќната Држава во светот. Особено што на народот му е доста од гола реторика, меѓу партиски безумни обвинувања за национални предавства и криминал, протести, неизвесност.

 

Најодговорните партии треба да усогласат и да се обврзат на принципи, кои во интерес на иднината на Татковината до крај ќе ги штитат и спроведуваат. Народот целосно ќе застане зад принципите кои ќе значат излез од кризата, враќање на стратешкиот колосек и обезбедување сигурна иднина. Само така воопшто нема да биде важно кој ќе биде власт или опозиција или кој каква функција ќе извршува. Сите ќе работат за Македонија и сопствениот народ!

 

Во овие моменти кога се будат старите духови и големо национални идеи кои повторно го зовриваат Балканот, и кога во Македонија некој од внатре се обидува по Грчки терк да го загрози Македонскиот национален идентитет, неопходно е:

 

Прво, Албанските политички партии да се повлечат од Тиранската платформа и да покажат дека имаат разбирање за негативните последици од провокативните и радикални барања кои непотребно ги разгоруваат меѓуетничките односи.

 

Второ, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ јавно да се обврзат дека нема тајно да договорат механизми кои ќе го оневозможат Судот во чесна, транспарентна и праведна постапка да ги расчисти сите обвинувања за наводен криминал на функционери во извршната и локалната власт, без разлика на партиската или етничка припадност.

 

Трето, сите парламентарни партии да утврдат временски рок за спроведување на суштинските реформи, вклучително и реализирање на попис, како директна потврда дека Македонија останува на стратешкиот колосек за Евроатлански интеграции.

 

Конечно, на Македонија како никогаш претходно и е потребен сеопфатен општествен консензус дека сите заедно, без разлика на политичка, верска или етничка припадност, доследно ќе го браниме најсветото, Македонскиот национален идентитет и Уставно име, како наше универзално демократско право на самоопределување.

Соопштение за јавност за разгорувањето на страстите на Балканот

Почитувани,

Во врска со разгорувањето на состојбите на Балканот како резултат на националистичките изјави на Албанскиот Премиер Еди Рама, кој беше подржан и од Косовскиот Премиер Хашим Тачи, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

Македонската Алијанса ги поздравува официјалните ставови на САД и ЕУ кои го осудија иредентизмот на Премиерите на Албанија и Косово, Еди Рама и Хашим Тачи, оценувајќи ги како целосно неприфатливи и крајно опасни за стабилноста и иднината на регионот.

Сметаме дека е добро што идниот Претседател на Србија, Александар Вучиќ, и покрај провокациите за некакво обединување на Албанија и Косово, на кои им се приклучи и Градоначалникот на Српската Општина Бујановац, Јонуз Муслиу, реагираше одговорно и со ладна глава ја префрли топката кај меѓународната заедница, јавно предупредувајќи дека ваквите провокации ги смета за повик за војна.

Актуелното свесно разгорување на состојбите на Балканот е уште една потврда дека Тиранската платформа не е ни малку наивна и претставува кукавичко јајце кое треба од внатре да го загрози Македонскиот национален идентитет и да овозможи да се зададе последниот удар за промена на името на Македонија по Грчки терк. Тиранската платформа беше промовирана на Божиќ под покровителство на Еди Рама за да овие радикални и неразумни барања на подолг рок ја дестабилизираат Македонија како вовед во разгорување на страстите на целиот Балкан, преку повторно заживување на старите духови за „Илирида“.

Албанските политички фактори во Македонија ќе може да бараат да бидат конститутивен народ тогаш кога Еди Рама на 400 илјади Македонци по потекло во Албанија ќе им овозможи да ги уживаат истите права.

Албанските политички фактори во Македонија наместо да не држат во заложништво со испорачување на уцени за формирање на Влада, треба да се заложат Владата на Еди Рама да ја признае Македонија под Уставно име.

Албанските политички фактори во Македонија не може да создаваат лажна историја со иницијатива Македонија и Србија неосновано да признаат не постоечки геноцид врз Албанскиот народ.

Македонската Алијанса уште еднаш оценува дека Тиранската платформата брутално го гази Охридскиот Рамковен договор и ги потценува сите досегашни придобивки од него. Сметаме дека најефикасен демант за радикалните барања на Албанските фактори е неодложно спроведување на попис кој некој упорно го избегнува плашејќи се од резултатот и вистината.

Во името на Македонската Дијаспора ги повикуваме Албанските политички фактори во Македонија да се повлечат од сите радикални барања и уцени содржани во Тиранската Платформа и да престанат заради тесно партиски и лични цели да манипулираат со чувствата на нашите сограѓани Албанци. Ние искрено остануваме на нашите заложби за соживот и сакаме заеднички да ја градиме иднината на Македонија, на принципиелни основи, со меѓусебна искрена почит и разбирање.
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

РОРАБАХЕР СЕ ИЗВИНИ, ПОГРЕШНО БИЛ РАЗБРАН. ТОЈ НЕ ПОВИКАЛ НА ДЕЛЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Републиканскиот конгресмен на Калифорнија и претседавач на поткомитетот за Европа, Евроазија и опасности во пораст, Дана Рорабакер, денеска ја објави изјавата во врска со неговата неодамнешна, контраверзна и широко цитирана изјава за Македонија.

На крајот на едно неодамнешно интервју, направив многубројни неформални искази за Република Македонија. Неодамна согледав дека некои од тие искази погрешно ја пренесле мојата намера. Оваа изјава ја појаснува мојата позиција. Македонија е легитимна држава со право на самоопределување и почитување на границите. Мојот коментар алудираше, можеби погрешно, на мојата загриженост кон предизвиците во внатрешното владеење со кои Македонија се соочува во врска со етничките малцинства, вели конгресменот во официјално писмено соопштение.

Јас во никој случај не сакав да кажам дека некој друг, освен Македонците треба да го утврди суверенитетот или границите на Македонија. Ако моите зборови беа сфатени на друг начин, јас длабоко се извинувам – изјави Рорабакер.

Сакам да оддадам почит и да аплаудирам за позитивниот однос кој САД го има со Македонија. Македонија е вистински пријател на САД. Ова е особено видливо во значајната поддршката што македонската армија ја дава во текот на изминатите 20 години на САД, на НАТО, како и на придружните мултилатералните организации за одбрана, на мировните операции и операциите поврзани со бегалците во Авганистан, Ирак, Босна и Косово.

Имав можност да сретнам многу Американци (и Македонци) кои споделија со мене многу корисни историски факти и информации за Македонија и регионот, како и за сегашната динамика на истиот. Со нетрпение очекувам заедничка соработка во иднина и што е најважно, заедно, континуирано, да даваме се од себе за да помогнеме во формирањето на надворешната политика на САД, така што тоа ќе резултира со мирен, просперитетен и слободен Балкан, додава републиканскиот конгресмен.

ПОПОСКИ ВО МИНХЕН ЕВРОПА СЕ СООЧУВА СО РЕДЕФИНИРАЊЕ НА ГЛОБАЛНИТЕ ОДНОСИ

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој учествува на безбедносната конференција во Минхен, смета дека централно прашање на собирот на луѓето коишто ги креирааат и спроведуваат дипломатските и безбедносните глобални агенди, е дали Европа може да се прилагоди на промените што се случија по „Брегзит“, изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, кризата во Украина и руското инволвирање во војната во Сирија.

Република Македонија и балканските земји каде што според Попоски најмногу би се почувствувале последиците од неуспехот европскиот континент да се справи ефикасно со новонастанатата ситуација својот успех го должат на сопствениот капацитет сами да ги решаваат своите проблеми и да ја намалат зависноста од Брисел во чекорењето напред.

– Неподготвеноста на Европа да се соочува со новите предизвици веројатно најмногу би се прекршувала во нашиот регион, на Балканот, каде што тие преддизвици се највидливи а веројатно и потребата од поддршка за европската и евроатлантската интеграција е најсилна. Две работи се клучни за нашиот успех, број еден, во Европската Унија да се сфати дека Македонија и балканските земји се фактор на стабилност и предвидливост на Европа. И број два, ние во регионот да покажеме поголемм капацитет сами да решаваме проблеми, да имаме многу помала зависност некој да треба наместо нас да дејствува да ни помага и да не движи напред. Конечно тоа ќе биде најсилен аргумент за час поскоро да се актуелизира прашањето за задоцнето членство во НАТО и уште повеќе за неопходен почеток на преговорите со Македонија за членство во Европската Унија, вели Попоски, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Попоски, кој на Минхенската безбедносна конференција учествува на покана на организаторот, германскиот амбасадор Волфганг Ишингер, на маргините на настанот имал средби со повеќе министри за надворешни работи на земји членки на ЕУ и НАТО.