Автори Posts by Игор Мицкоски

Игор Мицкоски

51 POSTS 0 КОМЕНТАРИ

Соопштение за изборот на нова Влада на Република Македонија

Почитувани,

 

По повод изборот на нова Влада на Република Македонија, Претседателот на Македонската Алијанса, comprar ciplox sin receta Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

 

Македонската Алијанса смета дека изборот на нова Влада конечно треба да го означи првиот чекор за излез од долготрајната внатрешна политичка криза. На ново избраните функционери им го честитаме изборот и им пожелуваме да ги обавуваат своите должности исклучиво во интерес на Татковината. Македонската Дијаспора будно ќе ги следи процесите, добрите одлуки ќе ги подржува, на сите евентуално погрешни чекори ќе се спротиставува и остро ќе ги критикува.  Впрочем, тоа е наша демократска должност во интерес на Македонските генерации кои доаѓаат, и која гордо и достоинствено ја обавуваме повеќе од 26 години.

 

Земајќи предвид дека во пресрет на изборот на нова Влада оркестрирано се зголемуваа очекувањата дека доаѓа времето за решение на повеќе деценискиот наметнат спор за името од нашиот јужен сосед, а од вчера се огласи и Коsиас кој најавува средба со Димитров, сметаме дека е неопходно веднаш да предупредиме на неколку работи.

 

Новото парламентарно мнозинство има поддршка и доверба од 62 пратеници за да избере нова Влада на Република Македонија, кадровскиот избор да го изврши врз сопствени проценки за најефикасно спроведување на нивните ветувања и политики, но како и никоја друга Влада претходно, нема ниту право ниту легитимитет да ветува или да влегува во некакви аранжмани за промена на Уставното име. Македонија и Македонскиот национален идентитет му припаѓа на Македонскиот народ кој дава или зема мандат на политичарите во зависност од тоа дали тие работат во нивен интерес или не!

 

Ние силно веруваме дека стратешки колосек за нашата заедничка Татковина е членството во ЕУ и НАТО Алијансата, но не по секоја цена. Очекувањата за експресно обезбедување на полноправно членство во НАТО може да биде втемелено само врз основа на гаранции од нашите меѓународни сојузници дека ќе обезбедат спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со која официјална Атина е осудена за бесправна блокада на Македонија. Сите други очекувања за некакво брзо решение кое ќе значи промена на Уставното име и откажување од Македонскиот национален идентитет, е туѓ есап без крчма!

 

Ниту оваа, ниту било која идна Влада не може и не смее да се согласи да направи велепредавство на сопствениот народ! Преговори за името не може и нема да има!

 

Македонската Алијанса останува посветена на Татковината и интересите за обезбедување на сигурна иднина за народот и врз тие принципи доследно, чесно и бескомпромисно ќе продолжи да се бори за зачувување на Македонски национален идентитет и Уставното име.

 

 

acquistare fludac МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Buy Propecia Претседател,

acheter aldara                                                                                  Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Соопштение за јавност за интервјуто на Метју Нимиц за Грчкиот неделник „Ријал Њуз“

Почитувани,

 

Во врска со интервјуто на медијаторот comrar venta cephalexin Метју Нимиц, кој за Грчкиот неделник „ Geriforte comprare, senza prescrizione medica. - Geriforte comprare, senza prescrizione medica. Ријал Њуз“ изјавил дека очекува после изборот на новата Влада во Македонија да започнат сериозни разговори за решавање на спорот за името, Претседателот на Македонската Алијанса, dapoxetin Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

 

Македонската Алијанса веќе долг период јавно предупредува дека постои сериозна опасност долготрајната политичка криза да биде злоупотребена за задавање на последниот удар кон обезличување на нашата Татковина. Сметаме дека таканаречената „Тиранска платформа“ е многу опасен проект кој треба од внатре да го нападне и оспори нашиот Македонски национален идентитет како вовед во евентуалното решавање на спорот за името по Грчки терк.

 

Последното интервју на compra prograf Метју Нимиц упатува на заклучокот дека Македонија е во крајно чувствителна фаза за својата иднина. Воопшто не е случајно што смислено се зголемуваат очекувањата а со тоа и притисокот на новата Влада во најава дека е потребно брзо решение за името за да се остварат нашите Евроатлански аспирации.

 

За жал, и покрај нашите добронамерни апели, најодговорните Македонски политички партии, заради теснопартиските интереси да се задржи или освои власта, не успеаа да изградат консензус за стратешките национални прашања, заради што Татковината може да влезе во уште подлабока криза.

 

Македонската Алијанса смета дека во изминативе 26 години од независноста, Македонија покажа огромна конструктивност и сериозност во напорите да изнајде разумен пристап во билатералните односи со официјална Атина. Направивме огромни отстапки, а Грчките политички елити во ниту еден момент не пропуштаат да соопштат дека никакви меѓународни притисоци нема да ги сменат Грчките црвени позиции во спорот за името упорно спроведувајќи ја својата стратегија со уцени и притисок да го бараат од нас невозможното.

 

Македонија и Македонскиот народ не бараат подароци, туку остварување на универзалното демократско право на самоопределување кое и припаѓа на секоја земја членка на ООН.

 

Македонија и Македонскиот народ бараат нашите меѓународни пријатели и сојузници да го обезбедат спроведувањето на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со што нашата Татковина ќе стане полноправен член на НАТО Алијансата и со тоа во прва фаза ќе се обезбеди стабилност во регионот. Особено што најдобра гаранција за унитарноста на Македонија и нејзината долгорочна стабилност е членството во НАТО.

 

Нова Влада која во овој период презема огромен дел од одговорноста за иднината на нашата заедничка Татковина мора уште од сега да знае дека огромното мнозинство на Македонскиот народ во Републиката и надвор од границите има цврсто и непоколебливо изграден став дека разговори и преговори за прифаќање на предлози на промена на Уставното име нема и не може да има, бидејќи секој кој евентуално би се нафатил на такво велепредавство ќе мора да си ја прифати и казната од народот.

 

Новата Влада треба да бидат целосно свесна за предизвиците со кои се соочува Татковината, и добро да размислат за секој нивен потег во периодот што следува. Македонскиот народ нема намера да прифаќа нови понижувања кои ќе го загрозат вековното име Македонија и Македонскиот национален идентитет.

 

 

 

Buy Accutane МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

compra omnicef Претседател,

acheter keppra                                                                                  Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Соопштение за јавност за локалните избори

Земајќи предвид дека денес истекува мандатот на локалните власти, а сеуште не е изнајдено решение како ќе се надмине овој нов вакуум, Претседателот на Македонската Алијанса, comrar venta retrovir Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

Изразуваме загриженост што Македонија влегува во нова криза како последица на блокирањето на локалните власти, заради што повторно најдебелиот крај ќе го извлечат граѓаните. Децентрализацијата ги направи Општините директен и непосреден сервис во многу чувствителни сфери како преучилишната едукација и образованието, кои сега влегуваат во тотална неизвесност.

Толкувањата за тоа што можат а што не можат Општините да превземаат во ваква ситуација се хаотични бидејќи и надлежните институции на централно ниво немаа единствен став за ова прашање, ниту пак соопштуваат какви се последици не чекаат.

Истовремено, како по обичај парламентарните партии и за ова прашање се заглавени во своите ровови и продолжуваат меѓу себе да си ја префрлуваат одговорноста за оваа ситуација. Не може да се избегне впечатокот дека новото декларирано мнозинство за прашањето на локални избори промовира двојни аршини, купувајќи време за нивно одлагање на подолг рок.

Жалиме што најодговорните политички партии немаа слух да го прифатат нашиот апел, во овие моменти на сериозни предизвици за Татковината, да договорат принципи за политичко делување чие прифаќање ќе значење најширок можен општествено-политички консензус за стратешките прашања, без разлика на политичка, верска или етничка припадност, што секако ќе ги релаксираше состојбите, бидејќи само така немаше воопшто да биде важно кој ќе биде власт или опозиција или кој каква функција ќе извршува. Вака, никој не може да избега од впечатокот дека сите се водат од своите лични и тесно партиски интереси. Дури и решението кога ќе се закажат локалните избори зависи од проценките на партиите кога тие процениле дека повеќе им одговора за да добијат повеќе гласови.

Македонската Алијанса ги повикува парламентарните партии да престанат со понижување на Уставот, законите и процедурите. Се знае дека мандатот на Градоначалниците и советниците е 4 години, ниту час, ниту ден повеќе. Македонија мора да има локални избори час поскоро, бидејќи секое ново хибридно, неприродно и наметнато решение ќе значи повторно газење на правната Држава.

Народот е уморен од суетите на политичарите и нивните лични калкулации и комбинаторики, бидејќи сака решение за секојдневните проблеми и сигурна иднина за Татковината.

Писмена реакција за објавата на изборот на Т.Џафери во Службен весник на РМ

Во врска со вчерашната објава на Одлука за избор на Талат Џафери за Претседател на Собранието на Република Македонија, во Службен весник на РМ, со што неговиот мандат стана официјален, Претседателот на Македонската Алијанса, acquistare ditropan Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција:

Клопчето почна полека да се одмотува! ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, освен што си го имаа „кабаетот“ од претходно, сега се легитимираа и како соучесници во политиките на Албанските фактори за понижување и провоцирање на Македонскиот народ.

Фактите од поновата Македонска историја не можат да се избришат.

СДСМ го промовираше comprar micronase sin receta Талат Џафери во заменик министер за одбрана во 2004 година и покрај тоа што истиот за време на воениот конфликт, непосредно после масакрот кај „Вејце“, дезертираше од АРМ и премина во ОНА, нарекувајќи се „Командант Форина“ што неминовно упатува на претпоставката дека имал командна одговорност за вооружените дејствија против припадниците на Македонските безбедносни сили.

Во 2013, ВМРО ДПМНЕ го изгласа dapoxetin Талат Џафери за Министер за одбрана и покрај жестоките реакции на Македонската јавност, кој не заборавија дека само Comprar Uroxatral. Compra Alfuzosin Sin Receta Љубе Бошковски и Јохан Тарчулоски беа осудени за воени злосторства во Хаг, а ниту еден припадник на терористичката ОНА не беше изнесен пред лицето на правдата, како одговорен за 75-те Македонски бранители кои го дадоа својот живот за одбрана на Татковината.

И тоа не беше доволно, па СДСМ пред десетина дена мораше да го прифати и заедно со ДУИ на каубојски начин да го изгласа Талат Џафери за Претседател на Собранието на Република Македонија. Истовремено, со вчерашната објава на одлуката за избор на Талат Џафери во Службен весник, ВМРО ДПМНЕ по линија на помал отпор го легитимира и прифати ова ново понижување на Македонскиот народ.

Од вчера, паднаа во  вода сите обвинувања дека постои некаков меѓународен заговор или црно сценарио против Македонија, дека наводно ни ја кројат капата и ќе ни ја растурат Татковината. Кога двете најголеми Македонски партии не знаат да го одбранат достоинството на својот народ, тогаш не може никој од надвор да ни биде крив што не знаеме како се чува и брани Македонија.

Основата за денешното понижување на Македонскиот народ лежи меѓу другото во одлуката донесена во 2011 година, кога мнозинството во тогашниот состав на Македонското Собрание заради политички пазар изгласа амнестија за таканаречените Хашки случаи и со тоа ги ослободија од одговорност терористите од ОНА. За овој срамен чин за сите инволвирани политичари фактурата допрва ќе стигнува. Браќа и сестри Македонци кој ни е крив сега кога меѓународната заедница го признава Талат Џафери? За ова некој ќе одговара!

Да бидеме прецизни, ние не сметаме дека во Македонија нема Албанци кои со својата биографија и искуство можат достоинствено и во заединчки интерес да ја обавуваат оваа многу важна Државна функција, но е крајно дрско и понижувачки да се прифати провокацијата и ултиматумот, токму Талат Џафери да биде Претседател на Собранието, кој со поставувањето на Албанското знаме, првиот ден после влегувањето во кабинетот, само потврди дека „волкот“ го менува крзното но не и карактерот.

Македонската Алијанса во овие тешки и чувствителни моменти на своите браќа и сестри Македонци ширум светот секојдневно испраќа пораки на охрабрување. Во овој период на искушенија и предизвици мора да се однесуваме достоинствено и да ја држиме главата горе!

Во Македонија се уште има политичари кои знаат како се работи во интерес на сопствениот народ, обезбедувајќи стабилна иднина и остварување на стратешките интереси на нашата заедничка Татковина.

Бог да ја чува Македонија!

 

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,

                                                                                 Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Писмена реакција за интервјуто на Никос Коsиас за Грчкиот неделник „Ријал Њуз“

Во врска со последното интервју на Грчкиот Министер за надворешни работи, Никос Коsиас, кој за Грчкиот неделник „Ријал Њуз“ изјавил дека Грција нема да потклекне на притисоци за прифаќање на решение на спорот за името кое нема да биде во согласност со нивните црвени линии, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција:

Македонската Алијанса со особено внимание ги следи сите изјави на официјална Атина кои се однесуваат на Македонија. Нашиот заклучок е дека Грчкиот шеф на дипломатијата ја продолжува „топло – ладно“ тактиката во билатералниот и од нивна страна наметнат спор за името. Еднаш во своите изјави наводно го поддржува унитарниот карактер на Македонија а истовремено ја нарекува Македонија – Држава дар од боговите во која според него кумот и го згрешил името. Друг пат, како ова свое последно интервју, Коsиас ќе потенцира дека Грција не се меша во внатрешните прашања, но нема да пропушти да повтори дека никакви меѓународни притисоци нема да ги сменат Грчките црвени позиции во спорот за името. Ваквиот пристап на Грчките власти е нивен обид да си изградат алиби пред очекуваниот притисок од нашите меѓународни пријатели за нивната неправедна политика кон Македонија која е  несвојствена за една земја членка на ЕУ и НАТО.

Ние не бараме лажна конструктивност од официјална Атина, ниту ги прифаќаме „данајските дарови“ на Никос Коsиас. Нам не ни требаат преговори и усвојување на мерки за градење доверба кога Грчката Влада упорно ја спроведува својата стратегија со уцени и притисок да го бараат од Македонија невозможното.

Македонија и Македонскиот народ бараат да им се допушти остварувањето на универзалното демократско право на самоопределување кое и следува на секоја земја членка на ООН. Македонија и Македонскиот народ бараат нашите меѓународни пријатели и сојузници да го обезбедат спроведувањето на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со што нашата Татковина ќе стане полноправен член на НАТО Алијансата.

Македонската Алијанса смета дека во овој чувствителен период за нашата заедничка Татковина, најодговорните политички партии мора да се обврзат дека во своето понатамошно делување заеднички ќе работат на остварување на принципи кои ќе обезбедат сигурна иднина за нашата земја.

Разговори и преговори за прифаќање на предлози на промена на Уставното име нема и не може да има, бидејќи секој кој евентуално би се нафатил на такво велепредавство ќе мора да си ја прифати и казната од народот.

Разговорите за таканаречените мерки за градење доверба Македонија треба да ги замрзне, се додека официјална Атина не прифати дека постои Македонски народ кој меѓу другото живее и во Егејскиот дел. Не може Коsиас да се жали за правата на Грците во Албанија, а во исто време да се прави и слеп и глув за постоењето на Македонското малцинство во Грција. Никој нема право да го оспорува Македонскиот национален идентитет.

Најодговорните Македонски политички лидери треба да бидат целосно свесни за предизвиците со кои се соочува Татковината, и добро да размислат за секој нивен потег во периодот што следува. Секоја нивна евентуална одлука која ќе биде мотивирана од личен и тесно партиски интерес, а која ќе го загрози вековното име Македонија и Македонскиот национален идентитет, ќе предизвика жестока реакција од Македонскиот народ.

Писмена реакција за инцидентот со Албанските знамиња во Прилеп

Во врска со најновата провокација со Албанските знамиња, кои група ученици Албанци ги поставиле во центарот на Прилеп за да скандираат, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција:

Македонската Алијанса најостро ја осудува оваа нова провокација која за жал има за цел уште повеќе да ги усложни и онака напнатите меѓуетнички односи. Со оглед на фактот дека се работи за млади луѓе, ученици кои се актери во оваа провокација, за нас нема никаква дилема дека за ваквите испади одговорност имаат политичките партии. Кога Талат Џафери мисли дека нема ништо спорно и скандалозно во кабинетот на Претседателот на Македонското Собрание да постави Албанско знаме, тогаш е јасно дека дел од Албанските ученици ќе го следат неговиот пример и ќе сметаат дека поставувањето на Албанското знаме во центарот на Прилеп, градот кој има дадено најмногу Македонски бранители и жртви, е за нив прифатлив и херојски чин.

Ги повикуваме надлежните Државни образовни институции во најкус можен рок да ги преземат сите неопходни мерки да ги расчистат и откријат мотивите, како и да ги санкционираат евентуалните нарачатели на оваа многу опасна провокација.

Бараме од Албанските политички фактори во Македонија самите да се воздржат од провокации и јавно да оградат, да побараат да преовлада разумот, особено кај младите и тинејџерите кои како возрасна група се најранливи за подбуцнување. Сигурни сме дека тоа ќе влијае на смирување на страстите и отстранување на сите сомнежи дека се работи за смислена провокација со политичка заднина.

Во името на целата Македонска Дијаспора апелираме до граѓаните, особено моите Прилепчани, да не подлегнуваат на вакви провокации и со голема мудрост да покажат дека неодговорна политика не може да го загрози соживотот и меѓуетничката толеранција. После несаканите инциденти и насилството во Македонското Собрание, на нашата заедничка Татковина и е потребно нормализирање на состојбите. Македонија не смее и нема да стане жртва на старите големи националистички агенди на радикални политички структури од регионот.

Македонија била, е, и ќе остане Македонија, унитарна, суверена, силна и со стабилна иднина, во која Македонскиот народ ќе продолжи да ги почитува сите граѓани со сите свои различности, на принципиелни основи на кои почива светскиот демократски мултикултурализам.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ја втурнаа државата во политичка и правна криза

СДСМ и нејзиниот претседател Зоран Заев со нелегалниот обид за избор на претседател на Собранието го прекршиле  Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието и за тоа, мора да сносат одговороност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев и СДС покрај политичката криза ја втурнаа Република Македонија и во правна криза. Создадоа правни преседани со кои што во иднина се отвора можност за незаконско гласање на двојазичноста, двојазични банкноти и униформи, геноцид и сите останати елементи од тиранската платформа, без притоа да се почитува волјата на граѓаните, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Заев, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, четири дена молчат за албанските знамиња во кабинетот на нелегално избраниот од нивна страна претседател на Собранието, исто како што молчеа и стоеја кога се пееше химната на албанската држава во македонскиот законодавен дом.

– Заев очигледно ужива кога го навредува Македонецот. Во еден ист ден ги прогласи Македонците и за Бугари и за Срби. Ваквите антимакедонски ставови на Заев беа пофалени од Божидар Димитров, кој рече дека Заев бил во право и дека Македонците се Бугари, а Струмица од каде што потекнува Заев е бугарски град. Заев добива пофалби од сите негатори на Македонија, само не од граѓаните, кои упорно и се погласно бараат парламентарни избори, стои во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните се чувствуваат постизборно измамени и несакаат Македонија да се претвори во бинационална држава, со сите елементи од тиранската платформа. Граѓаните, порачува партијата, сакаат економски просперитет и технолошки прогрес, а не платформи и програми кои ја заглавуваат државата длабоко во минатото и не носат ништо за подобрување на нивниот живот

СДСМ: Иванов да постапи уставно, новата влада ќе биде на сите граѓани

Парламентарното мнозинство ќе ја реализира својата обврска пред граѓаните да ја формира новата влада којашто ќе ги реализира потребните реформи во граѓански и државен интерес велат од СДСМ. Од партијата бараат претседателот Ѓорге Иванов, да постапи уставно, а ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна опозиција. Новата влада, истакнува партијата, ќе биде на сите граѓани.

Посочува дека процесот за новата влада е почнат со изборот на новиот собраниски претседател и најавува оти пред граѓаните и пред претседателот Иванов ќе ја реафиримираат определбата на мнозинството за унитарна Македонија, кое што ќе работи согласно Уставот и на евроатлантска иднина на државата.

– Мора да се прекинат сите лаги во врска со некакви закани по националните и државните интереси, со коишто Никола Груевски за лични интереси ги вознемирува граѓаните. Иванов е должен да постапи согласно уставните обврски кон граѓаните и да се издигне над личните интереси на Груевски. Тоа треба да го направи и ВМРО-ДПМНЕ, којашто има исто така обврска пред граѓаните да биде конструктивна опозиција и да ги поддржи реформските процеси, за да може земјата да се придвижи напред, се вели во соопштението.

Според СДСМ,  парламентарното мнозинство е подготвено да работи во интерес и за доброто на сите граѓани. Но пред се, истакнува, без одложување мора да биде овозможено да ја формира новата влада. Тоа ќе се случи, соопшти СДСМ.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА СО СТАВ ЗА ПОСЕТАТАНА БРАЈАН ХОЈТ ЈИ

Македонската Алијанса смета дека од посетата на Брајан Хојт Ји може да се извлечат најмалку три суштински пораки, соопштува Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, во врска со дводневната посета на Македонија од страна на Заменик помошникот на Државниот Секретар на САД за Европа и Евроазија, Брајан Хојт Ји.

 

Прво, Република Македонија останува на радарот на нашиот најголем стратешки сојузник САД, кој нема никаква намера да го смени досегашниот генерален курс на политики и мерки кои се во согласност со Специјалниот стратешко безбедносен билатерален договор од 2008 година, кој меѓу другото ја гарантира и нашата внатрешна стабилност.

Второ, нема никаква дилема дека САД очекува брза разрешница на маратонската политичка криза, која неминовно мора да биде во духот на нашата стратешка определба да станеме членка на НАТО и ЕУ.

Трето, одговорноста за  причините, но во исто време и за излезот од политичката криза која трае веќе 3-та година лежи кај најодговорните политички партии, кои во 26-та година од нашата независност мора конечно да покажат капацитет за самостојно надминување на сопствените слабости во функција на обезбедување на стабилна иднина за нашата заедничка Татковина.

Ние остануваме на нашиот став дека решението на кризата е во напуштањето на тврдите позиции на најодговорните политички партии кои имаат обврска да се вратат чекор назад како потврда дека не се заслепени од личните и тесно партиските интереси за освојување на власта по секоја цена.

Почитувањето на Уставот на Република Македонија е услов без кој не може да се изнајде излез од кризата, конституирањето на законодавната власт мора да биде спроведена во легална постапка која никој нема да ја доведува во прашање.

 

 

 

 

 

 

 

Силно веруваме дека во овие чувствителни моменти Македонскиот народ знае да препознае кога некој се бори за принципи, чие прифаќање од најодговорните политички фактори и нивно доследно исполнување, ќе значи враќање на стабилноста и нормализирање на состојбите.

Во таа насока, Албанските политички партии треба веднаш да се повлечат од Тиранската платформа и да покажат дека имаат разбирање за негативните последици од провокативните и радикални барања кои шират иредентизам и непотребно ги разгоруваат меѓуетничките односи.

Наместо безумно да се обвинуваат меѓу себе за криминал, национални предавства и да продолжуваат да го делат народот, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да покажат дека услов за излез од кризата не е обезбедувањето на

механизми кои ќе го оневозможат Судот во чесна, транспарентна и праведна постапка да ги расчисти сите обвинувања за наводен криминал на функционери во извршната и локалната власт, без разлика на

партиската или етничка припадност, вклучително и амнестија за инволвираните во инцидентите во Собранието.

Парламентарни партии да утврдат временски рок за спроведување на суштинските реформи, вклучително и реализирање на попис, како директна потврда дека Македонија останува на стратешкиот колосек за

Евроатлански интеграции.

Сите политички партии да гарантираат дека нема да исполнуваат вештачки креирани политички проекти, кои се смислени со намера од внатре да го оспорат Македонски национален идентитет по Грчки терк.

Заедно да се обврземе дека без разлика на политичка, верска или етничка припадност, доследно ќе го браниме најсветото, Македонскиот национален идентитет и Уставно име, како наше универзално демократско право на самоопределување.

Прифаќањето на овие принципи ќе ги намали поделбите бидејќи воопшто нема да биде важно кој ќе биде власт или опозиција или кој каква функција ќе извршува. Конечно, политичките партии навистина ќе

работат за Македонија и сопствените граѓани без разлика на нивната етничка припадност!

Соопштение за јавност за инцидентите во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

После вчерашните инциденти и насилство во Собранието на Република Македонија, каде беа повредени и пратеници, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

Македонската Алијанса со длабоко жалење констатира дека се случи она на што со месеци предупредувавме а никој одговорен и разумен политичар не го посакуваше. Со вчерашните многу сериозни инциденти
политичката криза ескалираше во тотален хаос и целосно неприфатливо насилство, што уште повеќе ја загрозува иднината на нашата Татковина.

Нашиот став е многу јасен и прецизен. Одговорноста за овој немил развој на настаните е непопустливоста, тврдите и максималистичките барања на најодговорните политички фактори. Потписниците на
политичкиот договор од „Пржино“ заедно со останатите парламентарни партии останаа глуви на нашите апели да прифатат и разберат дека  ја имаат најголемата одговорност за причините, но во исто време и за
излезот од маратонската политичка криза. Нивното инаетење и водење на дневна политика мотивирана од лични и теснопартиски интереси за освојување на власта ја внесе Македонија во уште подлабока и
подраматична криза.

Албанските политички фактори во Македонија го јавнаа бранот на иредентизам кој ги разбуди старите духови и големо национални идеи кои повторно го зовриваат Балканот. Уцените и радикалните барања
содржани во Тиранската платформа поставени како услов без кој нема Влада се доживува од мнозинството Македонци како обид од внатре да се оспори и загрози Македонскиот национален идентитет по Грчки
терк, што е вовед во загрозување на унитарниот карактер на нашата заедничка Татковина.

Најодговорните Македонски политички партии заслепени од меѓусебната омраза, заглавени во своите дневни безумни обвинувања за криминал и национални предавства, без чувство од неопходноста да изгради
консензус за најважните национални прашања, внесоаа зла крв и го поделија народот.

Нашите меѓународните пријатели го изгубија трпението бидејќи и во 26-тата година од независноста се уште не покажуваме капацитет самите да ги надминеме сопствените слабости и да обезбедиме стабилна
иднина за нашата земја.

Ако навистина сакаме да станеме полноправна членка на ЕУ и НАТО, во пресрет на посетата на Брајан Хојт Ји, треба да покажеме дека знаеме да препознаеме што се очекува од нас и да докажеме дека
заслужено сме признаени од САД под Уставното име и дека има доволно оправдани причини зошто сме потпишале специјален стратешко безбедносен билатерален договор со најмоќната Држава во светот.

Во овие многу тешки моменти за Македонија народот целосно ќе застане зад принципи кои ќе значат излез од кризата, враќање на стратешкиот колосек и обезбедување сигурна иднина, а ќе бидат прифатени од
сите политички фактори.  Така ќе се намали негативната енергија бидејќи воопшто нема да биде важно кој ќе биде власт или опозиција или кој каква функција ќе извршува. Конечно, само така сите ќе работат
за Македонија и сопствените граѓани без разлика на нивната етничка припадност!

После вчерашните инциденти во кои за влакно беа избегнати и човечки жртви, каде се потврди целосна криза и немоќ на Државните институции, Македонската Алијанса повикува на разум и мирен излез од
кризата во следните чекори:

Прво, Албанските политички партии да се повлечат од Тиранската платформа и да покажат дека имаат разбирање за негативните последици од провокативните и радикални барања кои непотребно ги разгоруваат
меѓуетничките односи.

Второ, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ со писмени гаранции да докажат дека услов за излез од кризата не е обезбедувањето на механизми кои ќе го оневозможат Судот во чесна, транспарентна и праведна постапка да ги
расчисти сите обвинувања за наводен криминал на функционери во извршната и локалната власт, без разлика на партиската или етничка припадност.

Трето, сите парламентарни партии да утврдат временски рок за спроведување на суштинските реформи, вклучително и реализирање на попис, како директна потврда дека Македонија останува на стратешкиот
колосек за Евроатлански интеграции.

Конечно, на Македонија како никогаш претходно и е потребен сеопфатен општествен консензус дека сите заедно, без разлика на политичка, верска или етничка припадност, доследно ќе го браниме најсветото,
Македонскиот национален идентитет и Уставно име, како наше универзално демократско право на самоопределување.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски