Автори Posts by boskowsky

boskowsky

40 POSTS 0 КОМЕНТАРИ

ОБАМА ЗАБРАНИ ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА НАФТА И ГАС ВО АТЛАНТИКОТ

U.S. President Barack Obama speaks about Syria during a joint news conference with Swedish Prime Minister Fredrik Reinfeldt at the Prime Minister's office in Stockholm, Sweden September 4, 2013. REUTERS/Kevin Lamarque (SWEDEN - Tags: POLITICS) - RTX1371S

comrar venta malegra

acquistare caverta

comprar cephalexin sin receta

Acheter Eulexin. Achat Flutamide Sans Ordonnance

compra clonidine

dreamlash

ЗАТВОРЕНИ УЛИЦИТЕ ПРЕД БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ПО НАПАДОТ ВО БЕРЛИН

Buy Prozac

 

Затворањето на улиците секако било планирано, но оваа мерка е воведена порано поради нападот во Берлин.

 

„Со затворањето на улиците ќе има и дополнителни безбедносни мерки за да се осигура безбедноста на стражарите“, се додава во соопштението.

 

Полицијата наведе дека разгледува уште некои безбедносни мерки, бидејќи е проценето дека „има голема можност да дојде до терористички напад“.

ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО ИНТЕНЗИВИРА БАРАЊЕТО НА АТЕНТАТОРОТ

Германската полиција ја интензивира во средата потрагата по возачот на камионот кој уби 12 луѓе во понеделникот вечерта на божикниот базар во главниот град Берлина, и притоа соопшти дека следи повеќе траги.

 

Откако на слобода е пуштен барателот на азил од Пакистан уапсен во близина на местото на нападот, германските власти предупредија дека напаѓачот е во бегство и дека веројатно е вооружен. Соопштија, исто така, дека не е познато дали сторителот дејствувал сам или имал помагачи.

 

Претходно во вторникот џихадистичката сунитска организација Исламска држава(ја презеде одговорноста за нападот со камион на божикен саем во Берлин, во кој во понеделник загинаа 12 луѓе, наведува AMAQ, пропагандна агенција на ова џихадистичка група.

ТАЧИ ПОТВРДИ ДИРЕКТНИ КОНТАКТИ СО НОВАТА АДМИНИСТРАЦИЈА НА ТРАМП

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека од администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп добил уверување дека ќе биде продолжена специјалната соработка меѓу Косово и САД

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека од администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп добил уверување дека ќе биде продолжена специјалната соработка меѓу Косово и САД, пренесува денеска приштинскиот весник „Лајми”.

„Веќе не е тајна дека воспоставивме директни контакти со новата администрација на Трамп и дека оттаму не уверија дека специјалната соработка меѓу САД и Косово ќе биде продолжена во согласност со досегашната традиција”, рече Тачи во говорот на една трибина, пренесе приштинскиот весник .

Запрашан дали ќе биде косовски претседател уште еден мандат, Тачи рече дека ќе прифати мандат „само доколку биде избран од граѓаните на Косово”.

ВРАЧЕНА ДРЖАВНАТА НАГРАДА ЗА НОВИНАРСТВО И ПУБЛИЦИСТИКА ЗА 2016 ГОДИНА

Во Собранието на Република Македонија денеска беше врачена државната награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ за 2016 година, на годинашните лауреати Аљуш Камбери – за публицистика и на Тони Димков – за новинарство.

 

Камбери се заблагодари во име на двајцата добитници истакнувајќи дека наградата  „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ е чин на признавање на нивниот долгогодишен вложен труд и вреднување на новинарските и публицистичките достигнувања во Македонија.

 

„Љубовта кон оваа професија постојано ни даваше мотивација цел живот да бидеме во потрага по настанот, по темата, по идејата, во потрага по човекот и неговата судбина. Чудесно е чувството кога ќе се вљубиш во својата професија и кога целиот живот ќе бидеш преокупиран со новинарската мисла и доблест… Денешното признание го сметаме и како чин на поттикнување уште повеќе да ја возвишиме нашата љубов кон новинарската професија. Вистинскиот новинар знае да ги надмине сите предизвици, а со тоа новинарскиот збор и новинарската мисла да остави белег на едно време и простор“, истакна Камбери.

 

Лилјана Грџо Дамовска, претставник на Одборот за доделување на наградата за 2016-та, рече дека таа им се врачува на двајца исклучителни професионалци новинари кои, рече таа, аргументирано можат да бидат и синоним на новинарството какво што тоа е по дефиниција.

ОМД: ЛИДЕРИТЕ НА ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ ПАРТИИ ДА СЕ ФОКУСИРААТ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ

Обединетата македонска дијаспора апелира до лидерите на двете најголеми политички партии да ги остават личните интереси и да се фокусираат на националните интереси на државата.

„ОМД верува дека е крајно време сите политички лидери во Македонија да ја стават државата и нејзините граѓани на прво место, а воедно да се воздржат од говорот на омраза. Лидерите мора да покажат одговорност ако сакаат народот да ги следи нивните позитивни примери и лидерство. Исто така, лидерите треба да се фокусират на почитување и нагласување на Уставот кој што ги гарантира правата на сите државјани, вклучувајќи ги и правата на малцинствата, кои што веќе се и ги уживаат сите права на рамноправни граѓани загарантирани во самиот Устав. Само во тој случај, сите жители во државата ќе се чувствуваат рамноправни и рамногласни, а како резултат на тоа, повиците и идеите на некои политички лидери за двојазичност, кантонизација и федерализација на државата ќе згаснат и ќе бидат побиени од самите жители на државата“, се вели во соопштението од ОМД.

Оттаму ги повикуваат и странските дипломати во Македонија да се воздржат од евентуални интервенции во внатрешната политика на државата, особено, како што се вели, во било каква форма на притисок врз лидерите на политичките партии околу составот на следната Влада.

Според ОМД, на Македонија и е потребна одговорна влада во најбрзо време и конструктивна и ефективна опозиција.

КИРБИ: ВАШИНГТОН ЗАГРИЖЕН ЗА ПОЛИТИЧКИТЕ ТЕНЗИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби изјави дека САД се загрижени поради зголемените политичките тензии во Македонија по парламентарните избори на 11-ти декември.

 

„Ние сме загрижени поради зголемените политичките тензии во Македонија по парламентарните избори на 11-ти декември и ја осудуваме провокативната реторика од некои политички лидери, напаѓајќи ги демократските институции и амбасадорите акредитирани во Македонија. Ги повикуваме политичките лидери да престанат со нападите, да ги почитуваат демократските процеси и да дозволат формирање на кредибилна и стабилна влада, посветена на владеењето на правото, одговорноста и основните слободи. САД се подготвени да и помогнат на една таква влада за да се постигне долгорочната цел за евроатлантска интеграција“, рече портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.

ДИК: ЌЕ СЕ ПРЕГЛАСУВА НА ИЗБИРАЧКОТО МЕСТО 2011 ВО ТЕАРЦЕ

Државната изборна комисија донесе одлука да се повтори гласањето на избирачкото место 2011 во општина Теарце, откако ИТ секторот на Комисијата направил симулација дека тоа може да влијае на резултатот, односно бројот на освоени мандати на партиите во Изборната единица 6 на парламентарните избори што се одржаа на 11 декември.

Одлуката на ДИК, е донесена врз основа на член 151, став 3 од Изборниот законик гласањето да се повтори доколку тоа може да влијае на крајниот резултат, но и врз основа на вчерашната одлука на Управниот суд да ја прифати тужбата на Коалицијата предводена од СДСМ и да донесе решение за поништување на гласањето на ова избирачко место.

Прегласувањето ќе се врши на 25 декември 2016 година.