Автори Posts by boskowsky

boskowsky

39 POSTS 0 КОМЕНТАРИ

Акинџи: Го правам последниот обид на мојата генерација за обединување на Кипар

Ако Меѓународната конференција во Женева има позитивен резултат, тоа ќе биде голем успех и ќе го отвори патот за референдум за кипарското прашање – изјави лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи.

– Го правам последниот обид на нашата генерација. Ние со господин Анастасијадис сме луѓе од таа генерација. Сакаме на следните генерации да им оставиме остров на кој можат да живеат во мир – истакна Акинџи.

На 12 јануари во Швајцарија треба да се одржи конференција посветена на Кипар.

 

Хрватска ја испровоцира Словенија со бонбониера

Хрватската амбасада во Љубљана испрати новогодишен подарок, бонбониера, до неколкумина вработени во словенечкото Министерство за надворешни работи, во кабинетот на премиерот Миро Церар и во кабинетот на претседателот Борут Пахор. На кутијата на бонбониерата има натпис „Поздрав од Хрватска“, а на сликата делумно е видлива мапа на Хрватска. Кога ќе се отвори бонбониерата, се прикажува целата карта, каде што границата помеѓу Хрватска и Словенија е нацртана на средина на Пиранскиот Залив. Бидејќи границата помеѓу двете држави се уште не е утврдена, словенечкото Министерство за надворешни работи ја врати бонбониерата во Амбасадата на Хрватска и тоа во кеса со натпис „I feel Slovenia“.

– Словенечките политичари таквиот чин го оценија како провокација – објави љубљанскиот весник „Дневник“.

ВО АЛЕПО ПРОДОЛЖУВА ЕВАКУАЦИЈАТА НА ЦИВИЛИТЕ И БУНТОВНИЦИТЕ

Преостанатите бунтовници и цивили од источниот дел на Алепо чекаат евакуација од градот, еден ден откако Советот за безбедност на Обединетите нации одобри испраќање набљудувачи за да го следат процесот.

Досега повеќе од 15000  лица, меѓу кои и 5000 борци на опозицијата, ја напуштиле енклавата откако бунтовниците ја предале областа во согласност со договорот постигнат со посредништво на Анкара и на Москва. Не е познато уште колку лица се наоѓаат во Алепо. Денеска во Москва министрите за надворешни работи на Русија, Турција и Иран ќе разговараат за случувањата во Сирија.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СИБИР ПО ТРУЕЊЕТО НА НАД 50 ЛИЦА

Властите на рускиот сибирски регион Иркутск прогласија вонредна состојба, откако бројката на жртвите од алкохолно труење порасна на над 50 лица. Тие умреле откако испиле лосион за тело. Властите забранија продажба на течности што содржат алхохол, а не се наменети за исхрана. Локалното обвинителство соопшти дека лицата починале откако ја испиле течноста и покрај предупредувањето на амбалажата дека е забрането да се консумира. Истражниот комитет информираше дека лосионот за тело содржел метанол. Седум лица осомничени за негова продажба се уапсени, а две нелегални работилници кои го произведувале се затворени.

ДОНАЛД ТРАМП ГО ПОЗДРАВИ НЕГОВОТО ОФИЦИЈАЛНО ИЗБИРАЊЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Победникот на неодамнешните претседателски избори во САД, Доналд Трамп, и официјално стана 45. претседател, откако членовите на Изборниот колеџ ја потврдија неговата победа. При пребројувањето на сите гласови, Трамп освои 304, додека кандидатката на демократите Хилари Клинтон 227 електорски гласови. За победа во 530-члениот Изборен колегиум е потребно мнозинство од 270 гласови. Трамп на 20 јануари ќе положи заклетва. Тој денеска вети дека ќе ја обедини земјата и ќе биде претседател на сите Американци. Инаку, за првпат по два века, седуммина членови на Изборната комисија гласаа против волјата на своите гласачи, но, сепак, тоа не влијаеше на резултатите на изборот на Трамп.

 

 

 

ПУТИН: УБИСТВОТО НА РУСКИОТ АМБАСАДОР Е ПРОВОКАЦИЈА

Рускиот претседател Владимир Путин го оквалификува убиството на амбасадорот на земјата во Турција, Андреј Карлов, како провокација со цел поткопување на односите меѓу Москва и Анкара и мировниот процес во Сирија.

– Злосторството што беше извршено е несомнено провокација, наменета да спречи нормализирање на руско-турските односи и на мировниот процес во Сирија, за кој активно ќе придонесат Русија, Турција и Иран – изјави Путин, дополнувајќи дека треба да се дознае кој ја насочил раката на убиецот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, исто така, го осуди убиството на рускиот амбасадор и рече дека ова е провокација за нарушување на руско-турските односи.

– Ова е напад на Турција, на турската држава и на Турците и е јасна провокација на турско-руските односи. Сигурен сум дека нашите руски пријатели ќе го видат овој факт исто така – рече Ердоган.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу во текот на денешната средба изјавија дека двете земји ќе продолжат со соработката за решавање на ситуацијата во Сирија и во напредувањето на меѓудржавните односи.

ТУРЦИЈА: УАПСЕНИ ШЕСТ ЛИЦА ПО АТЕНТАТОТ НА РУСКИОТ АМБАСАДОР

Шест лица се уапсени во рамките на истрагата за убиството на рускиот амбасадор синоќа во Анкара – соопшти турската полиција. Лицата биле тесно поврзани со извршителот на убиството Мевлут Мерт Алтинтат, а приведени се и задржани во притвор во Ајдин, во западна Турција, од каде што потекнува атентаторот. Дваесет и двегодишниот поранешен припадник на интервентната единица во Анкара во понеделникот го уби рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, истрелувајќи во него неколку куршуми на отворањето на изложбата на фотографии во турската престолнина. По истрелите, напаѓачот извикувал „Алах е голем“, порачувајќи дека тоа е одмазда за сирискиот град Алепо, кој со руска помош целосно го зазедоа изминатите денови силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Напаѓачот подоцна е убиен во размена на оган со полициските сили, кои претходно петнаесетина минути се обидувале да го убедат да се предаде. Денеска во Турција пристигна група од 18 руски иследници, агенти на тајните служби и руски дипломати, задолжени да ја спроведат истрагата за убиството на амбасадорот Карлов. Инаку, Советот за безбедност на ОН го оцени убиството на рускиот амбасадор во Турција како терористички напад.

Советот ја потврдува потребата извршителите, организаторите и спонзорите на терористичките напади да бидат изведени пред правосудните органи, нагласувајќи дека тероризмот во сите негови форми претставува една од најсериозните закани за меѓународниот мир и безбедност.

АНГЕЛА МЕРКЕЛ: ТЕШКО ЌЕ ПРИФАТИМЕ АКО НАПАЃАЧОТ Е АЗИЛАНТ

Во своето прво обраќање по вчерашниот терористички напад во центарот на Берлин, во кој загинаа 12 луѓе, а 48 беа повредени, германската канцеларка Ангела Меркел порача дека ако се потврди дека напаѓачот добил заштита во Германија, тоа ќе биде тешко прифатено од сите во земјата. Како што е утврдено, сторителот на вчерашниот напад во Берлин е 23-годишен Пакистанец, кој пристигнал во западноевропските земји користејќи го балканскиот пат на имигрантите и побарал азил во Германија.

Тој украл шлепер и се забил во толпата насобрана во божиќниот базар во центарот на Берлин, пред црквата „Кајзер Вилхелм“. По инцидентот, осомничениот беше уапсен. Во камионот е откриен мртов маж од полско потекло, најверојатно вистинскиот возач, кој бил убиен при кражбата на возилото. Инаку, денеска ирачката организација „Народен фронт за мобилизација“ соопшти дека одговорноста за терористичкиот напад во центарот на Берлин ја презела Исламска држава.