Автори Posts by boskowsky

boskowsky

38 POSTS 0 КОМЕНТАРИ

Господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски во посета на „Жито Прилеп“

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски ги посети вработените во „Жито Прилеп“, а потоа прошета низ градот каде ги слушна маките на граѓаните и разговарашена темата Македонија подобро место за живеење.

Прослава на „Св. Трифун и Св. Валентин“

Денот на свети Валентин, попознат како Валентиново или Ден на вљубените, во светот се одбележува на 14 февруари, кога се слават и величаат љубовта и приврзаноста. Како заштитник на младите и вљубените, тој ги навестува пролетта и новиот живот. Истиот ден, според православните обичаи, Македонците го слават празникот на свети Трифун, заштитникот на виното и виновата лоза. Свети Трифун живеел во 3. век во Мала Азија. Легендата вели дека имал чудесен дар да лекува и дека успеал од лошиот дух да ја излекува ќерката на римскиот цар Гордијан. Во времето на големиот прогон одбил да се откаже од Христа, поради што бил убиен на 14 февруари 250 година. По тој повод, оваа година на 14 февруари, Македонското културно друштво „Охридски бисер“ од Загреб во рамките на културната манифестација „Денови на македонската култура“, а под покровителство на Советот за национални малцинства на Република Хрватска, организираше дружење во просториите на Заедницата на Македонците во Република Хрватска. Претседателот Благој Штерјов ги поздрави гостите и им посака добредојде. За животот на свети Трифун и прославата на празникот зборуваше Горан Коров, а со обичаите што се одржуваат на тој ден присутните ги запознаа членовите на работилницата по македонски јазик и култура за возрасни и литературно-драмската секција „Ленка“. Наедно на прославата беше претставена и изложба на трудовите на етноработилницата „Разбој“ при Друштвото. Обичајот на овој ден да се зареже барем една гранка од винова лоза и да се залее со вино за да биде плодна годината, а виното слатко, симболично го претстави претседателот на Советот на македонското национално малцинство на Градот Загреб, Томе Апостолоски. Прославата посебно ја разубавија пејачката група „Моми бисерни“ и инструменталната група „Охридски бисер“, со песна и музика под водство на Сафиудин Алимоски. Се заигра и македонско оро, а гостите можеа да уживаат во многубројните домашни специјалитети подготвени од членките на кулинарската секција по традиционални македонски рецепти и, се разбира, со капка од извонредното македонско вино.

Елизабета Петровска

MHRMI Condemns the European Parliament’s Resolution Claiming that Macedonians are “Bulgarian”

(Feb.17, 2017) – Is the European Parliament ignorant or anti-Macedonian? These are the only two options. In a blatant display of sheer lunacy, the European Parliament passed a resolution calling on Albania to protect the rights of its “Bulgarian” minority – in Macedonian-inhabited areas of Albania – and “recommends that the rights of people with Bulgarian ethnicity in the Prespa, Golo Brdo and Gora regions be enshrined in law and ensured in practice.” The sentiment would have been lovely, if they identified the proper ethnicity of the people.

The European Parliament, in its infinite wisdom, has just aided Bulgaria in its mission to eradicate the existence of a Macedonian ethnicity and in its misappropriation of everything Macedonian. Further, the European Union continues its policy of aiding Greece by playing along with the artificially-created name dispute and by referring to Macedonia as the “Former Yugoslav Republic of Macedonia” at Greece’s behest.

To even have to respond to such an arrogant and racist statement – that claims one ethnic group on behalf of a country that seeks to destroy it – just proves the worthlessness of such European institutions. Let’s be clear – the population in these regions is Macedonian, a fact accepted by all, including the countless human rights reports by these very same European institutions, the European Court of Human Rights, European Commission Against Racism and Intolerance, United Nations, US State Department, and international human rights organizations. Better yet, the European Parliamentarians who voted in favour of this absurd resolution should go and visit Mala Prespa and Golo Brdo and see the Macedonian flags flying there and talk to the local population, which has already condemned this resolution.

The European Union and European Parliament continue to aid its member-states, Greece and Bulgaria, in their blatantly anti-Macedonian foreign policies. So which is it – ignorance or an anti-Macedonian policy? It appears to be the latter. And we’re waiting for an answer – in addition to the immediate retraction of this bizarre resolution.

МАКЕДОНСКА ВЕРЗИЈА

— Macedonian Human Rights Movement International (MHRMI) has been active on human and national rights issues for Macedonians and other oppressed peoples since 1986. For more information: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia

ММДЧП ја осудува Резолуцијата на Европскиот парламент со која што се вели дека Македонците се „Бугари”

(17 февруари, 2017) – Дали Европскиот парламент е неинформиран, или е анти-македонски? Ова се двете единствени можни опции. При бесрамно прикажување на чиста лудост, Европскиот парламент усвои резолуција со која што од Албанија бараат да ги заштити правата на своето „бугарско“ малцинство и тоа во региони во кои што живее македонско население. Па уште и „препорачува, правата на лицата со бугарска националност во областите Преспа, Голо Брдо и Гора законски да се регулираат и спроведат во пракса.“ Чувствата би биле прекрасни, но само ако ја идентификувале вистинската етничка припадност на тоа население.

Европскиот парламент, со оваа ‘бескрајна мудрост’, само и’ помагаат на Бугарија во нејзината мисија да го искоренат постоењето на македонското малцинство и на се’ што е македонско. Истовремено, Европската Унија продолжува со својата политика да и’ помага на Грција, играјќи заедно со неа во вештачки-создадениот спор за името и обраќајќи и’ се на Македонија (по налог на Грција) со „Поранешна Југословенска Република Македонија“.

Дури и ако треба да се одговори на таков арогантен и расистички извештај – со кој што се тврди дека една етничка група, во име на држава која што се обидува да ја уништи – само ја докажува ирелевантноста на таквите европски институции. Да нема дилеми, населението во овие области е македонско и тоа е факт прифатен од сите, вклучувајќи ги и бројните извештаи за човекови права од страна на истите тие европски институции, Европскиот суд за човекови права, Европската комисија против расизам и нетолеранција, Обединетите нации, американскиот Стејт Департмент, како и меѓународните организации за човекови права. А уште подобро би било доколку европратениците кои што гласаа за оваа апсурдна резолуција, нека одат и нека ги посетат Мала Преспа и Голо Брдо, нека ги видат таму македонските развиорени знамиња и нека поразговараат со локалното население кое што веќе ја осуди оваа резолуција.

Европската Унија и Евро-парламентот продолжуват да им помагаат на своите држави-членки, Грција и Бугарија, во нивната бесрамна анти-македонска надворешна политика. И сега што имаме – неинформираност или анти-македонска политика? Се чини дека е сепак тоа второто. А ние чекаме за одговор – во прилог на итно повлекување на оваа бизарна резолуција.

ENGLISH VERSION

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia

Писмена реакција за Европската Резолуција со која се признава Бугарско малцинство во Албанија

Во врска со Резолуцијата на Европскиот Парламент со која се бара од Албанија да ги заштити правата на своето Бугарско малцинство, директно посочувајќи региони во кои живеат Македонци, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Македонската Алијанса е разочарана што Европскиот Парламент ја прифати иницијативата на Бугарските Европратеници, Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, кои се познати по својот негаторски однос кон Македонија и со своите залагања свесно се обидуваат да ги влошат билатералните односи.

Да се тврди и да се прифати дека во регионите на Преспа, Голо Брдо и Гора живеат Бугари е исто како Европскиот Парламент да увидел дека на планетата Марс има Бугарска колонија!

За жал, Европскиот Парламент донесе срамна и неправедна Резолуција која го легализира и оправдува двојниот морал. Каде видоа Бугарско малцинство во Албанија, а во исто време се слепи и глуви за постоењето на Македонци во Бугарија? Зошто во Бугарија во 21 век, ОМО Илинден – Пирин не смее да се регистрира како политичка партија? Негаторската и асимилаторската политика на Бугарија со која не го признава постоењето на Македонци не е, и не може да биде Европска вредност.

Затоа, не треба воопшто да зачудува фактот што веќе во континуитет опаѓа интересот и поддршката кај Македонците за членство во Европската Унија. Од една страна не тапкаат по рамо, а од друга страна прогледуваат низ прсти за сите неправди кои ни ги прават соседите, особено Грција која со децении дрско и безобразно бара промена на името Македонија и откажување од Македонскиот национален идентитет.

Конкретната Резолуција е уште еден дипломатски пораз како резултат на долготрајната наша внатрешна политичка криза која некој перфидно ја користи да ни задава удари кои треба дополнително да не ослабнат. Сепак, без разлика на срамот на Европскиот Парламент, нашите браќа и сестри од Преспа, Голо Брдо, Гора, како и во цела Албанија никогаш нема да станат Бугари.

Навистина не знаеме што уште треба да се случи за да најодговорните политички лидери на Македонскиот народ се свестат и разберат дека не се поголеми од Македонија!

Колку и да е голем нивниот антагонизам, за стратешките национални интереси на Македонија и Македонскиот народ мораат да најдат сила да изградат консензус, кој во овие чувствителни моменти за Татковината е повеќе од неопходен!

Македонската Алијанса ги повикува Македонските политички партии заеднички и неодложно да изградиме заеднички национален став кој недвосмислено ќе покаже дека, ниту една политичка партија нема да дозволи соседите да се мешаат во внатрешните прашања на Македонија свесно инвестирајќи во нарушувањето на добрососедските односи, да си поигруваат со чувствата на Македонскиот народ и со тоа да покажуваат целосно непочитување на суверенитетот на Република Македонија.

На Европските институции, но најмногу на соседите да им потенцираме дека Македонија нема да се откаже од своите браќа и сестри Македонци кои живеат надвор од Републиката. Ние секогаш ќе ја поддржуваме и заеднички ќе ја водиме демократската битка за остварување на нивните права и зачувување на Македонскиот национален идентитет како фундаментален предуслов за силна и обединета Македонија.

На домашната, но и на целата меѓународна јавност, да и покажеме дека без разлика на сложените внатрешни политички односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Татковината никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет.


M1 – ALIJANSA REAKCIJA by tv-sonce

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Писмена реакција за изјавите на Американскиот Конгресмен Дана Рорабакер

Во врска со ставот на Американскиот Конгресмен comprar peni large Дана Рорабакер, кој во интервју за „Визион плус“ од Тирана изјави дека Македонија не е Држава и треба да се подели, Претседателот на Македонската Алијанса, comprar barato lithobid Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

 

Македонската Алијанса е изненадена од скандалозниот став на Конгресменот http://megafema.com/?p=betagan-precio-mexico betagan precio mexico Дана acquistare prednisolone Рорабакер. Неговото долго политичко искуство, од пишувач на говори во времето на Претседателот acheter maxolon Роналд Реган, до неговиот моментален ангажман во Комитетот за надворешни работи како Претседавач со подкомитетот за Европа во рамки на Конгресот на САД, ни дава за право да веруваме дека buspar kaufen Рорабакер е свесен и ја знае тежината и личната одговорност за ставот кој го искажал. Тој не е било кој, особено што ја претставува САД, една од 5-те постојани членки на Советот за безбедност при ООН, која патем ја има признаено Република Македонија под Уставното име и со која има потпишано специјален билатерален стратешко безбедносен договор.

 

Зарем periactin kopen online Рорабакер навистина верува дека САД по грешка ја имаат изградено една од најголемите Амбасади во регионот во Македонија, која според него не е Држава?  Дали ставот на comprar minocin sin receta Рорабакер дека Македонија треба да се подели е всушност индиректна потврда дека овој Американски Конгресмен ќе ја поддржи иницијативата за одржување на референдум за отцепување на неговата Калифорнија од САД? Или, по туѓ грб и 100 стапа не болат, па comrar venta ponstel Рорабакер смета дека за Албански медиум може да ја дели и парчи Македонија во зависност од нечии дневно политички интереси?

 

Македонската Алијанса во рамките на своите активности со Македонската Дијаспора ќе ги покрене сите контакти во Конгресот, Сенатот и Стејт Департментот, вклучително и Групата за Македонија во Американскиот Конгрес, каде ќе побараме оградување од скандалозниот став на Конгресменот Abilify Kaufen Рорабакер.

acheter voveran  

Соединетите Американски Држави се најважниот стратешки сојузник на Македонија и Македонскиот народ и затоа сме убедени дека Стејт Департментот во најкус можен рок ќе ги реафирмира своите позиции кон Република Македонија.

 

Уште еднаш ги повикуваме лидерите на најодговорните Македонски политички партии во Татковината да се освестат. Татковината се наоѓа во многу чувствителен период. Соседите ги користат сите дозволени и недозволени средства за да инвестираат во дестабилизација на Македонија и будење на духовите од минатото, преку што гледаат шанса за остварување на нивните големо националистички интереси.

 

Без разлика на нивниот антагонизам, Македонските политички партии за националните прашања од суштинска важност за иднината на Македонија и Македонскиот народ, мора веднаш да се усогласат и да изградат консензус.

 

Ние на домашната и меѓународната јавност мора јасно и недвосмислено да и соопштиме дека без разлика на сложените внатрешни политички односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Татковината никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет. Нема да дозволиме соседите да се мешаат во внатрешните прашања на Македонија свесно инвестирајќи во нарушувањето на добрососедските односи,  да си поигруваат со чувствата на Македонскиот народ и со тоа да покажуваат целосно непочитување на суверенитетот на Република Македонија.

 

Македонските политички партии мора да сфатат дека не се поголеми од Македонија!

 

 

 

betagan precio en colombia МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

acquistare tylenol Претседател,

günstig kaufen viramune                                                                                          Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Писмена реакција за провокацијата на Бугарските Европратеници

Во врска со провокацијата на Бугарските Европратеници, comprar clarinex sin receta Андреј Ковачев и comrar venta betagan Ангел minomycin kaufen Џамбаски кои во Европскиот Парламент покренаа иницијатива за признавање на Бугарско малцинство во Албанија, Претседателот на Македонската Алијанса, comprar lisinopril Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

 

Македонската Алијанса најостро ја осудува новата провокација која доаѓа од соседна Бугарија. После скандалозното проштално интервју на поранешниот Претседател, Росен Плевнелиев, сега и Бугарските Европратеници Ковачев и Џамбаски, кој се познати по својот негаторски однос кон Македонија, со своите залагања свесно се обидуваат да ги влошат билатералните односи.

 

Надвор од умот е да се тврди дека во Албанија има Бугарско малцинство!

 

Целосно ги поддржуваме и застануваме зад протестот на Македонското Друштво „Илинден“-Тирана. Без разлика на подмолните обиди за интервенција во идентитетот, нашите браќа и сестри од Преспа, Голо Брдо и Гора, биле и ќе останат Македонци.

 

Ги повикуваме Бугарските Европратеници да престанат да промовираат двоен морал. Каде тоа видоа Бугарско малцинство во Албанија, а во исто време се слепи и глуви за постоењето на Македонци во Бугарија? Зошто во Бугарија во 21 век, ОМО Илинден – Пирин не смее да се регистрира како политичка партија?

 

Срамно, дрско и безобразно е однесувањето на претставниците на Бугарија во Европскиот Парламент! Прво Плевнелиев, а по него и Ковачев и Џамбаски, перфидно сакаат да ја користат внатрешната политичка криза во Македонија, слично како што тоа го прават одредени политичари на Албанија, Србија и Грција.

 

Негаторската и асимилаторската политика на Бугарија со која не го признава постоењето на Македонци не е, и не може да биде демократска вредност на земја членка на ЕУ и НАТО. Бугарија и Македонија и покрај сите историски неправди можат да имаат добрососедски односи. За жал, ваквите испади само го зголемуваат јазот и инвестираат во зголемување на разликите за отворените и се уште нерешени билатерални прашања, што на никој не му оди во прилог.

 

Земајќи предвид дека Бугарија подолг период инсистира да се потпише Договор за добрососедство, сметаме дека е политички и дипломатски коректно новоизбраниот Претседател на Бугарија, Румен Радев да се огради од провокациите на својот претходник и Европратениците, што ќе биде прв сигнал дека неговите заложби за добрососедски односи се вистински.

 

Македонската Алијанса уште еднаш ги повикува лидерите на најодговорните политички партии да се освестат и да разберат дека не се поголеми од Македонија. Колку и да е голем нивниот антагонизам, за стратешките национални интереси на Македонија и Македонскиот народ мораат да најдат сила да изградат консензус, кој во овие чувствителни моменти за Татковината е повеќе од нужен!

 

Македонските политички партии мора заеднички и неодложно да се усогласиме и недвосмислено да соопштиме дека, ниту една политичка партија нема да дозволи соседите да се мешаат во внатрешните прашања на Македонија свесно инвестирајќи во нарушувањето на добрососедските односи, да си поигруваат со чувствата на Македонскиот народ и со тоа да покажуваат целосно непочитување на суверенитетот на Република Македонија.

 

На домашната, но и на целата меѓународна јавност, недвосмислено и укажуваме дека без разлика на сложените внатрешни политички односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Татковината никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет.

 

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

 

        Претседател,

                                                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Писмена реакција за ставот на Алексис Ципрас

Во врска со ставот на Грчкиот Премиер, Алексис Ципрас, кој во рамки на официјалната посета на Србија, ја обвини Македонија за непријателство и национализам, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

 

Нема повеќе никакви дилеми дека постои разлика меѓу ставовите на Павлопулос, Ципрас и Коsиас. Сите клучни играчи во надворешната политика на официјална Атина имаат ист негаторски, понижувачки и провокативен став за Македонското прашање. Ова уште една директна потврда дека таканаречените мерки за градење доверба се едно големо ништо!

 

Бидејќи Ципрас тврди дека Грција покажала трпение за решавање на спорот за името, а за возврат од Македонија добила непријателство и национализам, би било логично раководството на ЕУ и НАТО да му ги постават следните прашања:

 

Што е според него Грчкото барање за промена на Уставното име и откажување од Македонскиот национален идентитет? Дали асимилаторската политика и промената на сите Македонски топоними од Егејска Македонија после Букурешкиот договор од 1913 се разликува од денешните иредентистички тврдења на Павлопулос дека Македонија е Грчка?

 

Чие непријателство е Грчкото вето за прием на Македонија во НАТО во Букурешт во 2008?

 

За какво трпение зборува Ципрас кога официјална Атина не ја почитува ниту пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг, а во Белград за други прашања се повикува на токму на меѓународното право?

 

Аман, што е многу, многу е! Вакво лицемерие и двоен морал е премногу дури и за Грчките политичари кои секогаш кога им паѓа рејтингот вежбаат средновековен национализам на Македонското прашање.

 

За жал, ставот на Ципрас е доказ дека иредентизмот, непризнавањето на историската вистина и непријателскиот став кон Македонија и Македонскиот народ е официјална Грчка политика, која треба да се отфрли како недостојна за една земја членка на ЕУ и НАТО!

 

Затоа нека не се чуди Грција што добива дипломатски шлаканици како онаа од Малта која го призна Уставното име на Република Македонија.

 

Земајќи предвид дека Татковината се наоѓа во крајно чувствителен период во кој како што се продлабочува внатрешната политичка криза така соседите се повеќе се обидуваат да ја злоупотребат за наметнување на нивните националистички агенди, Македонската Алијанса упатува уште јавен повик до Македонските политички партии, кои без разлика на нивниот анимозитет неодложно мора да изградат консензус за прашањата од национален интерес и веднаш да го сторат следното:

 

Прво, на домашната, но и на целата меѓународна јавност, јасно и недвосмислено да и соопштат дека без разлика на сложените внатрешни политички односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Татковината никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет.

 

Второ, одлучни и единствени мора да ја осудиме националистичката, иредентистичка и негаторска политика на политичките претставници на Грција. Еднострано да ги замрзнеме сите разговори за таканаречените мерки за градење доверба, се додека официјална Атина не се извини за скандалозните провокации. Нема никаква логика да се создава привид со некакви мерки за добро соседство, бидејќи е повеќе од јасно дека кај Грчката страна не постои искрена волја за создавање доверба.

 

Трето, ниту една политичка партија нема да дозволи соседите да се мешаат во внатрешните прашања на Македонија свесно инвестирајќи во нарушувањето на добрососедските односи,  да си поигруваат со чувствата на Македонскиот народ и со тоа да покажуваат целосно непочитување на суверенитетот на Република Македонија.

 

Македонските политички партии мора да сфатат дека не се поголеми од Македонија! Нема и не може да се прави компромис на штета на стратешките интереси на Македонскиот народ!

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Соопштение за јавност за признавањето на Уставното име од Малта

Почитувани,

 

По повод воспоставувањето на дипломатски односи со Република Малта под Уставно име, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

 

Македонската Алијанса ја поздравува дипломатската нота со која Република Малта го признава Уставното име на Република Македонија. Воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Малта доаѓа во исклучително чувствителен период за нас, во кој сите соседи се обидуваат да ја злоупотребат нашата политичка криза за притисок и мешање во внатрешните работи. Земајќи ја предвид и хистеријата на радикалните Грчки структури по Македонското прашање, која доби на динамика изминатата година, потегот на Малта е уште една дипломатска шлаканица за официјална Атина.

 

Значењето што е 135 земја која ни го признава Уставното име е уште поголемо земајќи предвид дека Малта во првата половина од 2017 претседава со Европската Унија. Ова е сигнал за останатите земји членки кои треба да го следат примерот на Малта.

 

Во таа насока, Македонската Алијанса го повикува новиот Претседател на Европскиот Парламент, Антонио Тајани, да не потпаѓа под притисокот на Грција. Ниту Александар Македонски бил Грк, ниту Македонија и Македонскиот народ некогаш ќе се откажат од сопствениот национален идентитет и вековно име. Протестните ноти на Грчките Европратеници се дел од нивниот иредентистички фолклор зачинети со нивните досадни обвинувања дека наводно се некој друг сака да ја фалсификува нивната историја, а во суштина нема поголеми фалсификатори од нив самите.

 

Признавањето на Уставното име од Малта треба да биде мотив плус за Македонските политички партии, во овој суптилен момент, јавно да се обврзат дека никој нема да се согласи да преговара за промена на светото име Македонија и Македонскиот идентитет.

 

 

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,

                                                                                    Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Писмена реакција за провокацијата на Росен Плевнелиев

Во врска со провокацијата која дојде од поранешниот Претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, кој во своето проштално интервју изјави дека Македонија треба да влезе во Европска Унија бидејќи тоа било нивна кауза, но не и „Македонизмот“ кој според него бил антибугарска идеологија, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Навистина е тажно кога еден Претседател на соседна Држава ќе го злоупотреби своето проштално интервју за да остави негативен товар на својот наследник без да размислува за националните интереси на неговата земја и народ.

Може ли да дефинира Росен Плевнелиев што подразбира под поимот „Македонизам“? Да не треба Македонците да се интегрираат во ЕУ како Бугари? Знае ли Плевнелиев воопшто што е антидемократски? Дали негаторската и асимилаторската политика на Бугарија со која не го признава постоењето на Македонци е демократска вредност? Или тоа е можеби „Бугаризам“ кој природно и следува на една земја членка на ЕУ?

Бугарија и Македонија и покрај сите историски неправди можат да имаат добрососедски односи. За жал, ваквите испади само го зголемуваат јазот и инвестираат во зголемување на разликите за отворените и се уште нерешени билатерални прашања, што на никој не му оди во прилог. Подмолно е што Плевнелиев на заминување перфидно ја врати старата националистичка реторика од минатиот век, очигледно охрабрен од провокациите на Грција, Србија и Албанија кои го користат моментот на внатрешна политичка нестабилност на Македонија.

Ја осудуваме срамната провокација на Росен Плевнелиев и го повикуваме новоизбраниот Претседател на Бугарија, Румен Радев за почеток да се огради од изјавите на својот претходник, што ќе биде сигнал дека неговите заложби за добрососедски односи навистина ќе ги практикува.

Единствениот став на Македонските политички партии за стратешките интереси на Македонскиот народ и Држава е неопходен во овие чувствителни моменти. Затоа во името на Македонската Алијанса уште еднаш ги повикуваме најодговорните политички партии заеднички и неодложно да се усогласат и недвосмислено да соопштат дека,ниту една политичка партија нема да дозволи соседите да се мешаат во внатрешните прашања на Македонија свесно инвестирајќи во нарушувањето на добрососедските односи,  да си поигруваат со чувствата на Македонскиот народ и со тоа да покажуваат целосно непочитување на суверенитетот на Република Македонија.

 

На домашната, но и на целата меѓународна јавност, недвосмислено и укажуваме дека без разлика на сложените внатрешни политички односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Татковината никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет.

 

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски